Skip to content

Кој е доказот за обврската за верување во едноштвото на Возвишениот Аллах?

محاور التعريف بالإسلام
توحيد الله وإبطال الشرك
مصدر الإجابة
قسم الإيمان
الباب / الفصل
(قسم الإيمان)

السؤال

Кој е доказот за обврската за верување во едноштвото на Возвишениот Аллах?

الجواب

Доказот за обврската за тевхид (верување во едноштвото на Аллах) кон Возвишениот Аллах се наоѓа во Неговиот рубубијет – во тоа што Тој е единствениот Создател, Владетел и Управител, кој нема содружник.

Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах:

„Аллах не си зел Себеси син, и со Него нема друг бог! Инаку, секој бог, со тоа што го создал ќе правел што сака, и еден со друг ќе се победувале. – Возвишен нека е Аллах Кој е далеку од тоа што тие го изнесуваат.“

(Ел Муминун, 12-14)

Овој ајет го содржи она што учените го нарекуваат „доказ за меѓусебно побивање“. Неговото значење е следното: ако претпоставиме дека покрај Аллах постојат и други божества, тогаш тие би биле во една од две состојби:

Или би Му се потчиниле во божественоста – а тоа ја поништува нивната божественост, бидејќи оној што е потчинет не може да биде божество; или би Му се спротивставиле во власта и управувањето – што нужно би довело до последици во самиот универзум: судир меѓу божествата, надвладување и раздвојување, при што секое божество би се издвоило со она што го создало и би владеело самостојно со него. Тогаш би се видела јасна разлика меѓу нивните „царства“ и нивната меѓусебна борба за превласт, како што се гледа кај владетелите на овој свет. Но, бидејќи не постои никаква трага од таква поделба ниту од судир, станува јасно дека Бог е еден – Единствен, во Чии раце е власта над сè.

Доколку некој каже дека меѓу тие божества постои договор и усогласеност, па секое од нив владее со она што го создало без судир и раздор, и тоа претставува доказ за неоснованоста на нивната божественост. Имено, во таков случај, божественоста на секое од нив би била нецелосна во однос на она што не го создало, што значи дека секое би било со недостаток. А тоа е невозможно, бидејќи божественоста подразбира совршенство, а не недостаток.

  • Што се однесува до доказот за обврската за тевхид кон Возвишениот Аллах во Неговиот улухијет, односно тевхидот во обожувањето – тоа подразбира издвојување единствено на Возвишениот со сите видови ибадет, видливи и скриени, како што се: намазот, довата, понизноста, потпирањето, покорноста, стравот и надежта, принесувањето жртва, заветот, барањето помош, барањето заштита, барањето спас и другите видови ибадет – сето тоа искрено да му се упатува само на Аллах, без содружник.

Возвишениот Аллах, вели:

„О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“

(Ел Бекаре, 21)

Господарот е единствениот Кој заслужува да биде обожуван, а сè друго освен Него е создание под Негова власт и затоа не заслужува да биде обожувано.

Возвишениот Аллах ја разјасни неоснованоста на праксата на многубошците да земаат божества покрај Него, наведувајќи бројни разумски докази, меѓу кои е и следното:

Овие лажни божества што ги обожуваат немаат никакво својство на божественост. Тие се создадени и не создаваат; не можат да им донесат корист на своите обожаватели ниту да ги заштитат од штета; не можат да дадат живот ниту да го одземат и не поседуваат ништо од небесата и Земјата.

Од тие докази се и зборовите на Возвишениот Аллах:

„А тие покрај Него зеле божества кои ништо не создаваат, кои и самите се создадени, кои не се во состојба од себе некаква штета да отстранат ниту некаква корист да сторат, и кои немаат моќ живот да одземат, живот да дадат и да оживеат.“

(Ел Фуркан, 3)

И Негвите зборови:

„Кажи: ,Викнете ги тие кои, покрај Аллах, за богови ги сметате. Тие ништо не поседуваат, ни колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата; тие во нив немаат никаков удел и Тој нема од нив никаква помош.'“

(Сабе, 22)

„Зарем да Му ги здружуваат тие коишто не можат ништо да создадат, а и самите се создадени.“

(Ел Араф, 54)

Односно: Зарем овие многубошци Му ги здружуваат на Аллах во обожувањето Неговите созданија, кои не можат ништо да создадат, а и самите се создадени?

Ако ваква е состојбата на тие божества, тогаш нивното прифаќање како божества е целосна безумност и очигледна заблуда.

  • А што се однесува до доказот за обврската за тевхид кон Возвишениот Аллах во Неговите имиња и својства, тој се состои во фактот дека Создателот не е како создаденото.

,,Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“

(Еш Шура, 11)

„...Ништо Нему не му е слично“ -

Односно: ништо од Неговите созданија не Му е слично – ниту во Неговото битие, ниту во Неговите имиња, ниту во Неговите својства, ниту во Неговите дела. Неговите имиња се најубави, а Неговите својства се својства на совршенство и величие. Со Своите дела Тој ги создаде возвишените созданија без никаков содружник, па затоа ништо не Му е слично – поради Неговото едноштво и совршенство во секој поглед.

Еден од разумските докази за потврдување на имињата и својствата на кои укажува шеријатот е следново:

  1. Овие величествени созданија, со својата разновидност и различност, како и со нивната уреденост во извршувањето на своите функции и движењето според одредени закони, укажуваат на величината и моќта на Аллах, на Неговото знаење и мудрост, како и на Неговата волја и определба.
  2. Дарувањето благодети и доброчинството, отстранувањето на неволјите и олеснувањето на маките – сето тоа укажува на милост, великодушност и дарежливост.
  3. Казнувањето и одмаздата врз грешниците укажуваат на Аллаховиот гнев и Неговото незадоволство од нив.
  4. Укажувањето чест на покорните и нивното наградување укажуваат на Аллаховото задоволство од нив и Неговата љубов кон нив.

„Нему Му припаѓа највозвишениот пример и на небесата и на Земјата; Тој е Силен и Мудар.“

(Ер-Рум, 27) – односно: Нему Возвишениот, Му припаѓа највозвишениот опис во сè со што се опишува и ништо не Му е слично. Невозможно е двајца да го делат тоа највозвишено својство; бидејќи ако се еднакви, ниту еден не би бил повозвишен од другиот, а ако не се еднакви, тогаш само еден од нив го поседува тоа својство. Затоа е невозможно Оној Кому Му припаѓа највозвишениот опис да има некој што Му е сличен или рамен.

المصدر

قسم الإيمان

ملاحظات

--