Кој е Аллах?
- محاور التعريف بالإسلام
- التعريف بالله تعالىصفات الله تعالى
- مصدر الإجابة
- قسم الإيمان
- الباب / الفصل
- (قسم الإيمان)
السؤال
Кој е Аллах?
الجواب
Аллах во исламот е Господарот на световите и на сите созданија; Тој се грижи за нив со Своите благодати. Возвишениот вели:
,,Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.“
(Ел Фатиха, 2)
Тој е единствениот Создател, Владетел, Снабдувач и Управител со сè што постои, Кој нема здруженик. Возвишениот вели:
,,Тој е Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив, затоа само Него обожувај Го и истрај во тоа! Дали знаеш некого кој Му е сличен?“
(Мерјем, 65)
Само Тој има право да биде обожуван – нема друг што со право се обожува освен Него, поради Неговото совршенство и Неговите божествени својства. Нему Му припаѓа создавањето, управувањето, пресудата и законодавството, и во тоа нема содружник.
Возвишениот Аллах, вели:
,,Нему Му припаѓа највозвишениот пример и на небесата и на Земјата.“
(Ер Рум, 27)
Тој е Величествениот, Возвишениот и Совршениот. Нему Му припаѓа сета благодарност и совршенството во целост, и Тој ги има најубавите имиња и возвишените својства. Возвишениот вели:
,,На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив...“
(Ел Араф, 54)
Тој слуша сè и е совршен во Својот слух, и гледа сè и е совршен во Својот вид; Сезнајниот, совршен во Своето знаење; Семоќниот, Кој има моќ над сè и ништо не може да Го спречи. Тој е Милостивиот, Семилосниот, чија милост опфаќа секое создание и сè што е живо, и Кој е милостив кон верниците. Тој е Живиот, Кој не умира; Првиот, пред Кого нема ништо, и Последниот, по Кого нема ништо. Возвишениот вели:
,,Тој е Првиот и Последниот, и Видливиот и Невидливиот; Тој знае сè!“
(Ел Хадид, 3)
Тој е Мудриот, Кој создал сè со совршена мудрост, прецизност и убавина, и Чија мудрост се пројавува и во создавањето и во Неговите наредби.
Нему нема рамен, нема сопруга ниту дете, ниту пак има родител, и ништо не Му е слично. Возвишениот вели:
,,Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!
Аллах е прибежиште секому!
Не родил и не е роден,
и никој не Му е рамен!'“
(Ел Ихлас, 1-4), Возвишениот вели:
,,Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“
(Еш Шура, 11)
Тој е над небесата, над Аршот, возвишен над сите созданија. Возвишениот вели:
,,Семилосниот, Кој над Аршот се возвиши.“
(Таха, 5)
И вели:
,,И Тој е Единиот Владетел над робовите Свои; Тој е Мудриот и Сезнајниот.“
(Ел Енам, 18)
المصدر
ملاحظات
--