Skip to content

Како започнал животот, односно како започнало создавањето?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم الخلق
الباب / الفصل
(قسم الخلق)

السؤال

Како започнал животот, односно како започнало создавањето?

الجواب

Возвишениот Аллах постоел и ништо не постоело пред Него. Потоа ги создал созданијата, откако целиот космос бил непостоечки, и ги создал без претходен пример. Возвишениот Аллах вели:

,,Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!“

(Ел Араф, 54)

Бухари бележи во неговиот „Сахих“; од Имран бин Хусејн се пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Аллах постоел и ништо не постоело пред Него, а Неговиот Арш (трон) бил над водата, потоа ги создаде небесата и Земјата и запиша сè во Книгата.“

Аллах го создал Адем, таткото на човештвото. Во „Сахих Муслим“ се бележи од хадисот на Ебу Хурејре дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Најдобриот ден во кој изгреало сонцето е петокот. Во него е создаден Адем, во него е внесен во Џенетот и во него е изведен од него.“

И Возвишениот Аллах го спомнува создавањето на човекот, па вели:

,,Ние навистина човекот од екстракт од глина го создадовме,

потоа како капка семе на безбедно место го ставивме,

потоа капката семе грутка крв ја направивме, потоа од грутката крв парче месо создадовме, па од парчето месо коски направивме, а потоа коските со месо ги обвиткавме, и потоа, како друго создание, го оживуваме, па нека е возвишен Аллах, Најубавиот Создател!“

(Ел Муминун, 12-14)

Возвишениот исто така вели:

,,О, луѓе плашете се од Господарот свој, Кој од еден човек ве создаде, од кого жената како пар негов ја создаде, а од нив двајца многу мажи и жени расеа! Плашете се од Аллах, со Чие име едни со други се замолувате и роднинските врски чувајте ги! Аллах, навистина, бдее над вас!“

(Ен Ниса, 1)

Аллах во овие ајети ги спомнува фазите на човековиот развој и неговите преобразби, од почетокот на неговото создавање до она во што ќе се претвори. Го спомнува почетокот на создавањето на таткото на човечкиот род, Адем, алејхи селам, и дека тој е:

,,од екстракт од глина.“

Односно: земен и извлечен од целата земја. Затоа неговите потомци се разликуваат според природата на земјата – меѓу нив има добри и лоши, и такви што се помеѓу тоа, како и благи и груби, и такви што се помеѓу тоа.

Аллах го спомна и создавањето на небесата и на Земјата и на сѐ што е меѓу нив:

,,Небесата кои вие ги гледате без столбови ги создаде, а по Земјата планини неподвижни распореди за да не ве тресе, и по неа животни од сите видови распространи. Ние од небото спуштаме дожд и правиме од него да растат разновидни благородни растенија.“

(Лукман, 10)

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, над неговото семејство и неговите асхаби.

المصدر

قسم الخلق

ملاحظات

--