النعمان بن بشير بن سعد الأنصاري
الإسم
Нуман бин Бешир бин Сад ел-Енсари
اسم الشهرة
Нуман ибн Бешир – Аллах нека е задоволен со обајцата –
نبذة مختصرة
Нуман бин Бешир бин Сад бин Селебе ел-Енсари ел-Хазреџи беше истакнат асхаб. Роден е осум години пред смртта на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Познат бил по својата дарежливост, великодушност и поезија. Бил еден од управителите назначени од Муавија, кој го поставил како управител на Куфа за одреден период. Подоцна бил назначен за кадија во Дамаск, а потоа и за управител на Хомс. Нуман бил убиен во селото Берин од страна на Халид бин Хали, по битката кај Мерџ Рахит, во последните денови на 64-та година по хиџретот, откако ги повикал жителите на Хомс да му дадат заклетва за верност на Ибн ез-Зубејр.