Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

7 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го цитирал следниот ајет: „Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: ,Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!‘ А само разумните сфаќаат!“ (Али Имран, 7) Потоа рече: ,,Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тоа се тие кои Аллах ги споменал, па добро вардете се од нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците, ниту за да барате почесни места. Кој го прави тоа, ќе биде во Огнот, Огнот!“
Автентичен Го бележи Ибн Маџе
„Фитните ќе бидат изложувани на срцата – една по една – како што се редат прачките на сламен рогоз. Срцето што ќе ги прифати, во него се втиснува црна точка; а срцето што ќе ги одбие, во него се втиснува бела точка – сè додека срцата не се поделат на две: – едното срце бело, сјајно како камен што го испрал дожд – и ниедна фитна не може да му наштети сè додека постојат небесата и земјата; – а другото црно, затемнето, превртено – како сад поставен наопаку: не препознава добро, ниту се одвраќа од зло, освен она што му го наметнал неговиот нефс (его).“ Хузејфе продолжува: ,Му реков на Омер: Меѓу тебе и таа фитна има заклучена врата. Но наскоро ќе биде скршена.‘ Омер праша: ,Скршена, мајка да не те родела?! Не можеше барем да се отвори? Тогаш ќе можеше и да се затвори!‘ Му реков: ,Не. Таа ќе биде скршена.‘ Му објаснив дека таа врата е еден човек – кој ќе биде убиен или ќе умре. Тоа беше точно пренесено, а не претпоставка.“ Ебу Халид вели: „Му реков на Сад: ,О, Ебу Малик, што значи црно затемнето?‘ Тој одговори: ,Тоа е црна боја помешана со сјај на бело – сивкава, пепеласта боја.‘ Потоа го прашав: ,А што значи како превртен сад?‘ Тој рече: ,Тоа значи – поставен наопаку.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„После мене, за мажите, не оставив поголемо искушение од жените.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Никој од вас нема да има вистински иман сè додека неговите страсти не се покорат на она со што сум пратен.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е автентичен.“ Го пренесовме во книгата „Ел-Хуџџе“ со автентичен синџир на пренесување
„Аллах даде пример за правиот пат. Од двете страни на патот има ѕидови со отворени врати, прекриени со завеси. На почетокот на патот стои повикувач кој вели: ,Луѓе, влезете на правиот пат и не скршнувајте.' Друг повикувач, кој се наоѓа над патот, кога некој сака да ја отвори некоја врата, го предупредува: ,Внимавај, не ја отворај оваа врата! Ако ја отвориш, ќе влезеш внатре.' Патот е исламот, ѕидовите се Аллаховите граници, а отворените врати се Аллаховите забрани. Повикувачот на почетокот на патот е Божјата книга, а повикувачот над патот е Аллаховиот советник во срцето на секој муслиман.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед