Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

9 од 841 картички

Исчисти филтри
„Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Аллахов Пратенику, кои се двете неопходни работи?’ Божјиот пратеник одговори: ‘Кој ќе умре без да Му припишува рамен на Аллах, ќе влезе во Џенетот. А кој ќе умре припишувајќи Му рамен на Аллах, ќе влезе во Огнот.’“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му припишува здруженик – гревовите нема да му наштетат. А кој ќе умре припишувајќи Му здруженик – добрите дела нема да му користат.“
Автентичен Го бележи Ахмед
Во една прилика Аллаховиот пратеник, алејхи селам, јавал а зад него, на истата јаваница бил и Муаз. Во едне момент тој му се обратил велејќи: „.О, Муаз бин Џебел!‘, Муаз одговорил: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и те слушам!‘ Потоа повторно го повика: ,О, Муаз!‘, тој пак му одговори: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и ти се покорувам.‘ Тоа се повтори и по трет пат, а Пратеникот му рече: ,Секоја личност која искрено од своето срце ќе посведочи дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов Пратеник, а да не му биде забранет џехенемскиот огин.‘ Муаз го прашал: ,Аллахов Пратенику, дали да им го пренесам ова на луѓето, за да бидат среќни?‘ Пратеникот му рече: ,Ако тоа го направиш ќе се опуштат.‘ Сепак, при крајот на својот живот, Муаз сепак им го пренел на луѓето од страв да не направи грев (ако не пренесе говор на Аллаховиот пратеник).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Постојат шест вида дела и четири типа на луѓе. Две дела се задолжителни, едно дело за кое човекот ќе биде награден или казнет на ист начин, едно дело за кое ќе добие десеткратна награда, и едно дело за кое ќе добие седумстотиникратна награда. Двете задолжителни дела се: ако човек умре без да Му припишува здруженик на Аллах, ќе влезе во Џенетот; и ако умре припишувајќи Му здруженик на Аллах, ќе влезе во Џехенемот. Делото за кое ќе биде награден на ист начин е доброто дело кое човекот цврсто одлучил да го направи, ќе му биде запишано како едно добро дело. Од друга страна, ако направи лошо дело, ќе му биде запишано како едно лошо дело. Понатаму, кој ќе направи добро дело, ќе добие десеткратна награда, а кој ќе сподели на Аллаховиот пат, ќе добие седумстотиникратна награда. Што се однесува на луѓето, има луѓе на кои им е дадено на овој свет, но не и на оној; луѓе на кои им е дадено на оној свет, но не и на овој; луѓе кои се лишени од доброто и на овој и на оној свет; и луѓе на кои им е дадено и на овој и на оној свет.“
Добар Го бележи Ахмед
„Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”
Автентичен Муттефекун алејхи
“На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија. Ќе му бидат покажани деведесет и девет свитоци со гревови, секој од нив голем колку што погледот допира. Потоа ќе му биде речено: ‘Дали негираш нешто од ова?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Аллах ќе го праша: ‘Дали моите мелеци писари и чувари ти направиле неправда?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Потоа ќе го праша: ‘Имаш ли некое оправдание за овие гревови?’ Човекот ќе одговори: ‘Не, Господару мој.' Аллах ќе му рече: ‘Напротив, ти имаш добри дела кај нас и денес нема да ти биде направена неправда!’ Тогаш ќе се извади картичка на која пишува: ‘Ла илахе иллаллах - сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.’ Човекот ќе праша: ‘Господару мој, што е оваа картичка наспроти сите овие свитоци?’ Аллах ќе одговори: ‘Навистина нема да ти биде направена неправда!’ Потоа свитоците ќе се стават на една страна од вагата, а картичката на другата страна, и картичката ќе претегне. Ништо нема потешко од Аллаховото име.”
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „О, Аллахов пратенику, не оставив ниту мал ниту голем грев а да не сум го сторил.“ Пратеникот го праша: „Сведочиш ли дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник?“ - трипати. Човекот одговори: „Да.“ Пратеникот рече: „Тоа сведочење ги брише сите тие гревови.“
Автентичен Го бележат Ебу Јала, Таберани и Дија ел-Макдиси