Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

103 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се исправеше од руку‘, велеше: Семи'a-аллaху ли-мен хамидех, Аллaхумме раббенa леке-л-хамд, мил'е-с-семaвати ве мил'е-л-арди ве мил'е ма ши'те мин шеј'ин ба'д." (Аллах го слуша оној кој Му се заблагодарува. О Аллах, Господару наш! Тебе Ти припаѓа секоја благодарност — благодарност што ќе ги исполни небесата и Земјата, и благодарност што ќе го исполни сѐ што Ти ќе посакаш над тоа.)
Автентичен Го бележи Муслим
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода: – кога Сонцето изгрева сè додека добро не се издигне над хоризонтот, – кога Сонцето е во зенит – сè додека не започне да се наклонува кон запад, – и кога Сонцето започнува да заоѓа – од моментот кога започнува да се навалува кон хоризонтот, сè до неговото целосно заоѓање.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Алаховиот пратеник, алејхи селам, ми го научи тешехудот, додека дланката ми беше помеѓу неговите дланки, како што ме подучуваше на сура од Куранот. ,Ет-техијату лиллахи вес-салавату вет-тајибату, ес-селаму алејке ејјухен-небију ве рахметуллахи ве берекатуху, ес-селаму алејна ве ‘ала ибадилахис-салихин. Ешхеду ен ла илахе иллаллаху ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве ресулуху (Сите пофалби му припаѓаат на Аллах, благословите и добрите дела; мир над тебе, Веровеснику, и нека е Аллаховата милост и мир над тебе и над нас и над добрите робови Аллахови. Сведочам дека нема вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Негов слуга и Негов Пратеник.)‘“ Во друг хадис на Бухари и Муслим стои: „Аллах е Селам, кога некој од вас ќе седне на тешехуд во намазот, нека каже: ,Ет-техијату лиллахи вес-салавату вет-тајјибату, ес-селаму алејке ејјухен-небијју ве рахметуллахи ве берекатуху, ес-селаму алејна ва ала ибадилахис-салихин‘, кога ќе го каже тоа, секој добар Аллахов слуга на небесата и на Земјата ќе биде поздравен со тој селам. ,Ешхеду ен ла илахе илалаху ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве Ресулуху‘, А потоа, нека го моли Аллах за сѐ што сака.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе се посомнева во својот намаз и не е сигурен дали клањал три или четири рекати, нека го отфрли сомнежот и нека се потпре на она за што е сигурен. Потоа, нека направи две сеџди пред да го предаде селамот. Ако клањал пет рекати, тие ќе го направат неговиот намаз парен, а ако клањал четири рекати, тие ќе бидат понижување за шејтанот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Оној кога ќе го слушне муезинот и ги каже следниве зборови: ,Ешхеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, ве енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху, радијту биллахи раббен ве би Мухаммедин ресулен ве бил ислами динен‘, ќе му бидат простени гревовите.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Од Сунетот е, кога муезинот во сабахскиот езан ќе каже: Хаја алел-фелах (Дојдете на спас), да каже: Ес-салату хајрун минен-невм (Намазот е подобар од спиењето).“
Автентичен Го бележат Ибн Хузејме, Дарекутни и Бејхеки
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш влегол во џамијата. По него влегол еден човек, клањал, а потоа дошол и го поздравил со селам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот му возвратил на селамот и му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Човекот се вратил и повторно клањал на ист начин, па повторно дошол и го поздравил со селам. Пратеникот повторно му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Тоа му го повторил трипати. Тогаш човекот рекол: „Се колнам во Оној Кој те пратил со вистината – не знам подобро од ова. Научи ме!“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Кога ќе станеш за намаз – изговори текбир. Потоа цитирај од Куранот она што ти е олеснето (што не ти предизвикува потешкотија). Потоа оди на руку – сè додека не се смириш на руку. Потоа исправи се – сè додека не застанеш целосно исправено. Потоа падни на сеџда – сè додека не се смириш на сеџда. Потоа стани од сеџда и седни – сè додека не се смириш во таа положба. Потоа направи го тоа во текот на целиот намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи