Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„О, Билал, кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж во исламот, затоа што го слушнав звукот на твоите чекори пред мене во Џенетот.“ Билал рекол: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секогаш кога ќе земев абдест во кое било време – дење или ноќе – клањав со тој абдест онолку нафиле колку што ми беше одредено.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Запомнив од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, десет рекати: два реката пред и два реката по пладневниот намаз, два реката по вечерниот (акшам) намаз во неговата куќа, два реката по јација намаз во неговата куќа и два реката пред сабах намаз. Имаше и време кога никој не влегуваше кај Аллаховиот пратеник, Хафса ми кажуваше дека тој кога муезинот повикуваше на намаз и кога настапуваше зората, клањаше два реката.“ Во друг хадис е наведено дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, клањаше после џума намаз два реката.
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим во сите негови верзии
„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека клања два реката пред да седне.“
Автентичен Муттефекун алејхи