Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

,Нема намаз во присуство на (поставена) храна, ниту додека човекот се воздржува од природните потреби (од големата и малата нужда).‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, затoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин.“ Потоа го рецитирал ајетот: „И извршувај го намазот за да Ме спомнуваш.“ (Та Ха, 14)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“
Автентичен Го бележи Бухари
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“ Кога правеше руку, не ја креваше главата нагоре, ниту ја наведнуваше надолу, туку држеше средина. Кога ќе ја кренеше главата од руку, не одеше веднаш на сеџда сè додека целосно не се исправеше стоејќи. А кога ќе ја кренеше главата од сеџда, не правеше повторна сеџда сè додека не седнеше исправено. На секои два реката изговараше „ет-Техијјат.“ Ја пружаше својата лева нога, а ја исправуваше десната. Го забрануваше „седнувањето на шејтанот“ и забрануваше човек да ги спушта своите раце на земја како ѕвер. И го завршуваше намазот со селам.“
Автентичен Го бележи Муслим
,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘ Му беше речено: ,А како го краде својот намаз?‘ Рече: ,Не го извршува целосно неговиот руку и неговата сеџда.‘“
Автентичен Го бележи Ибн Хибан