Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

14 од 841 картички

Исчисти филтри
„Израмнете ги вашите сафови/редови, бидејќи израмнувањето на сафот е од потполноста на намазот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб да стане идол за обожување! Аллаховото проклетство нека биде врз оние кои ги претвораат гробовите на своите пратеници во џамии!“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Местата кои Аллах најмногу ги сака, се џамиите, а најомразените места кај Аллах се пазарите.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Додека бевме во џамијата со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, влезе еден бедуин и почна да мокри во неа. Асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, извикаа: ,Престани! Престани!‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им рече: ,Не го прекинувајте, оставете го.‘ Така го оставија додека заврши. Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повика и му рече: ,Овие џамии не се место за вакви работи – за уринирање или нечистотии – туку се изградени за спомнување на Возвишениот Аллах, за намаз и за учење на Куранот.‘ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нареди еден од присутните да донесе кофа со вода и ја истури врз тоа место.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе влезе во џамијата, нека каже: ,Аллахумме ифтах ли ебвабе рахметик‘ (О Аллах, отвори ми ги вратите на Твојата милост); а кога ќе излегува, нека каже: ,Аллахумме инни ес’елуке мин фадлик‘ (О Аллах, јас барам (да ми подариш) од Твојата дарежливост).“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не ги спречувајте Божјите робинки од Аллаховите џамии. Но нека излегуваат без да се намирисаат.“
Добар Го бележи Ебу Давуд
,,Нема да настапи Часот сè додека луѓето не почнат да се натпреваруваат во украсувањето на џамиите.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ибн Маџе
дека Осман ибн Афан, радијаллаху анху, сакал да ја прошири и обнови џамијата (на Аллаховиот Пратеник, алејхис-селам), но на некои луѓе не им се допаднало тоа и повеќе сакале таа да остане во својата оригинална форма. Тогаш тој рекол: „Го слушнав Пратеникот ﷺ како вели: ,Кој ќе изгради џамија за Аллах, Аллах ќе му изгради слична на неа во Џенетот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи