Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

103 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше ниту еден доброволен намаз на кој повеќе внимаваше (за кој беше поупорен) од двата реката пред сабахскиот намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“ Кога правеше руку, не ја креваше главата нагоре, ниту ја наведнуваше надолу, туку држеше средина. Кога ќе ја кренеше главата од руку, не одеше веднаш на сеџда сè додека целосно не се исправеше стоејќи. А кога ќе ја кренеше главата од сеџда, не правеше повторна сеџда сè додека не седнеше исправено. На секои два реката изговараше „ет-Техијјат.“ Ја пружаше својата лева нога, а ја исправуваше десната. Го забрануваше „седнувањето на шејтанот“ и забрануваше човек да ги спушта своите раце на земја како ѕвер. И го завршуваше намазот со селам.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога ќе се воспостави намазот, нема друг намаз освен пропишаниот.“
Автентичен Го бележи Муслим
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ги пропуштал четирите рекати пред пладневниот намаз и двата рекати пред сабахот.
Автентичен Го бележи Бухари
Навистина Пратеникот ﷺ, по секој задолжителен (фарз) намаз, велел: „Ла Илахе Иллаллаху Вахдеху Ла Шерике Лех, Лехул Мулку Велехул Хамд, Ве Хуве 'Ала Кулли Шеј'ин Кадир, Аллахумме Ла Мани'а Лима Е'тајте, Ве Ла Му'тије Лима Мена'те, Ве Ла Јенфе'у Зел Џедди Минкел Џедд.“ („Нема друг бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему му припаѓа власта и Нему му припаѓа пофалбата, и Тој е Семоќен над сѐ. О Аллах, никој не може да го спречи она што Ти ќе го дадеш, и никој не може да го даде она што Ти ќе го задржиш, и никому неговото богатство, (углед или положба) нема да му користи ништо пред Тебе.“)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“, На Пратеникот, алејхи селам, му беше донесено тенџере во кое имало зеленчук, и почувстувал мирис од него, па прашал што има внатре и му кажале, а тој рекол: „Донесете го.“, за еден од асхабите што бил со него, но тој кога го виде јадењето, не сакаше да го јаде, па Пратеникот му рече: „Јади, зашто јас комуницирам со некој со кој ти не комуницираш.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати. Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас. Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Зборовите за кои, ако човек ги изговори по секој задолжителен намаз, нема да биде во загуба: триесет и трипати ,Субханалах‘, триесет и трипати ,Елхамду лиллах‘ и триесет и трипати ,Аллаху екбер‘“.
Автентичен Го бележи Муслим