Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

103 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, откако ќе го клањаше сабахскиот намаз, остануваше на своето место сè додека сонцето убаво не изгрееше. Тој не стануваше од местото каде што го клањаше сабахот сè додека не изгрееше сонцето. А кога сонцето ќе изгрееше, стануваше. Асхабите разговараа и спомнуваа нешта од времето на џахилиетот, па се смееја, а тој се насмевнуваше заедно со нив.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Побрзајте со икиндискиот намаз! Го слушнав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, како вели: ,Кој ќе го испушти икиндискиот намаз, делата веќе му пропаднаа.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“
Автентичен Го бележи Бухари
дека Уму Селеме му ја спомнала на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, црквата наречена ,Марија‘ која ја видела во Абисинија, а во која имало икони и фрески. Пратеникот ѝ рекол: ,Тие луѓе, кога меѓу нив некој добар човек ќе умрел, граделе храм врз неговиот гроб, и ги цртале тие слики. Тие се најлошите суштества кај Возвишениот Аллах.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Откако му беше објавена сурата ,Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат‘ (Ен-Наср, 1), Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не клањаше ниту еден намаз, а во него да не изговореше: ,Субханеке раббена ве бихамдик, Аллахумме-гфир ли‘ (Славен си Ти, Господару наш, и Тебе ти припаѓа сета благодарност – Аллаху мој, прости ми).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Една ноќ забележав дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не е во постелата, па почнав да го барам. Тогаш мојата рака ги допре неговите стапала, кои беа исправени, додека беше во намаз на местото каде што клањаше, и велеше: ,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам доволно – Ти си тако како што Себеси си се пофалил.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Клањај стоечки, а ако не можеш тогаш седејќи, а ако не можеш тогаш легнат на страна.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Клањав со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и при предавањето на селам тој се сврте на десната страна и рече: ,Ес селаму алeјкум ве рахметуллахи ве бeракатуху‘, а потоа се сврте на левата страна и рече: ,Ес селаму алeјкум ве рахметуллах‘.”
Добар Го бележи Ебу Давуд