Skip to content

,На Судниот ден ќе биде доведен човек и ќе биде фрлен во Огнот. Неговите црева ќе излезат надвор, и тој ќе се врти околу нив како што магарето се врти околу меленицата

Од Усама бин Зејд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека некој му рекол: „Зошто не одиш кај Осман и не поразговараш со него?“ Тој одговорил: „Зарем сметате дека ако му зборувам, тоа мора да го слушнете и вие? Се колнам во Аллах, јас веќе разговарав со него насамо, без да започнам нешто што не би сакал да бидам првиот што ќе го направи. Исто така, не велам за никого што ми е поставен како владетел дека е најдобриот од луѓето, откако го слушав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

,На Судниот ден ќе биде доведен човек и ќе биде фрлен во Огнот. Неговите црева ќе излезат надвор, и тој ќе се врти околу нив како што магарето се врти околу меленицата. Тогаш жителите на Огнот ќе се соберат околу него и ќе го прашаат: ,О, ти, што ти се случи? Зарем не наредуваше на доброто и не го забрануваше злото?‘ Тој ќе одговори: ,Да, јас наредував на доброто, но не го правев, и го забранував злото, но и самиот го правев.‘“

«يُؤْتَى بِالرَّجُلِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ، فَيُلْقَى فِي النَّارِ، فَتَنْدَلِقُ أَقْتَابُ بَطْنِهِ، فَيَدُورُ بِهَا كَمَا يَدُورُ الْحِمَارُ بِالرَّحَى، فَيَجْتَمِعُ إِلَيْهِ أَهْلُ النَّارِ، فَيَقُولُونَ: يَا فُلَانُ مَا لَكَ؟ أَلَمْ تَكُنْ تَأْمُرُ بِالْمَعْرُوفِ، وَتَنْهَى عَنِ الْمُنْكَرِ؟ فَيَقُولُ: بَلَى، قَدْ كُنْتُ آمُرُ بِالْمَعْرُوفِ وَلَا آتِيهِ، وَأَنْهَى عَنِ الْمُنْكَرِ وَآتِيهِ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

На Усама бин Зејд, Аллах нека е задоволен со него, му било речено: „Зошто не одиш кај Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него, и не разговараш со него за фитната што се појави меѓу луѓето, за да се потрудиш целосно да ја изгаснеш?“ Тој одговорил дека веќе разговарал со него насамо, барајќи го доброто, а не разгорување на фитната. Неговата цел била да не го осудува јавно пред луѓето, бидејќи тоа би можело да доведе до омаловажување на халифот, а тоа е врата кон фитната и злото – врата што не сака да биде првиот што ќе ја отвори. Потоа Усама, Аллах нека е задоволен со него, додал дека ги советува владетелите насамо, без ласкање и лицемерие, дури и ако се емири, и дека не ги фали лажно. Ова го прави откако го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели дека на Судниот ден ќе биде доведен човек и ќе биде фрлен во Огнот. Неговите црева ќе излезат брзо, поради силната жештина и жестоката казна, и тој ќе се врти околу нив во Огнот, како што магарето се врти околу мелницата. Тогаш жителите на Огнот ќе се соберат околу него, формирајќи круг, и ќе го прашаат: „О, ти, зарем не беше од оние кои го наредуваа доброто и го забрануваа злото?“ Тој ќе одговори: „Да, јас наредував на доброто, но не го правев, и го забранував злото, но самиот го правев.“

Значење на зборовите

فتندلق أقتاب بطنه: تخرج أمعاؤه.

الرحى: حجر الطاحون.

Од придобивките на хадисот

Советувањето на владетелите треба да биде насамо помеѓу советувачот и владетелот, а не јавно пред луѓето.

Хадисот сериозно го предупредува секој чии зборови се во спротивност со неговите дела.

Почит и благонаклоност кон владетелите, нивното упатување кон доброто и одвраќање од злото.

Осуда на ласкањето на владетелите кога е спротивно на вистината и прикажувањето на поинаквото од она што човекот го крие, како што тоа го прават оние што лажно ги фалат.

Референци

Сахих Ел-Бухари (4/ 121) (3267).

Сахих Муслим (4/ 2290) (2989).

Повеќе... (8)

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (4/ 143).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (2/ 358).

تطريز رياض الصالحين.

لفيصل آل مبارك (ص156).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 220).