Skip to content

„Џехенемот е опкружен со страсти, а Џенетот е опкружен со потешкотии.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Џехенемот е опкружен со страсти, а Џенетот е опкружен со потешкотии.“

«حُجِبَتِ النَّارُ بِالشَّهَوَاتِ، وَحُجِبَتِ الْجَنَّةُ بِالْمَكَارِهِ».

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека Џехенемот е опкружен со работи кон кои копнеат страстите, како што се правењето на забранети дела или занемарувањето на обврските. Затоа, кој ќе ги следи своите страсти во тоа, е од оние кои го заслужиле Џехенемот. Додека Џенетот е опкружен со работи кои страстите ги мразат, како што се постојаноста во извршувањето на верските обврски, избегнувањето на забранетите дела и трпеливоста во тоа. Кој ќе се бори и ќе ги надвладее своите страсти во тоа, е од оние кои го заслужиле Џенетот.

Значење на зборовите

حُجبت: حُفت وأُحيطت.

Од придобивките на хадисот

Една од причините зашто луѓето паѓаат во следењето на страстите е тоа што шејтанот им го украсува злото и лошото, така што душата ги гледа како убави и се приклонува кон нив.

Наредбата за избегнување на забранетите страсти, бидејќи тие водат кон Џехенемот, и наредбата за трпение при тешкотиите, бидејќи тие водат кон Џенетот.

Вредноста на борбата со својот нефс, трудот во ибадетот и трпението во тешкотиите и напорите кои ги опкружуваат добрите дела.

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 102) (6487).

Сахих Муслим (4/ 2174) (2822).

Сунен Ебу Давуд (7/ 122) (4744).

Сунен Тирмизи (4/ 274) (2560).

Сунен Несаи (7/ 3) (3763).

Повеќе... (10)

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (2/ 449).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (2/ 87).

المنهاج شرح صحيح مسلم بن الحجاج.

للنووي (17/ 165).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 183).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمصطفى الخِن وغيره (1/ 134).