Skip to content

„Нема намаз оној кој не ја изговорил (сурата) Ел Фатиха.“

Убаде бин Самит, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Нема намаз оној кој не ја изговорил (сурата) Ел Фатиха.“

«لَا صَلَاةَ لِمَنْ لَمْ يَقْرَأْ بِفَاتِحَةِ الكِتَابِ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека намазот нема да биде исправен без читање на поглавјето Ел Фатиха. Нејзиното изговарање е еден од столбовите на намазот.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Не е исправно да се чита ништо друго наместо поглавјето Ел Фатиха, за оној кој е во можност.

Рекатот во кој не е изговорено поглавјето Ел Фатиха не е валиден. Било да е намерно испуштено, од незнаење или поради заборав, рецитирањето на ова поглавје е рукн/столб на намазот, а рукнот никако не може да се изостави.

Обврската да се рецитира ова поглавје отпаѓа кај клањачот кој стигнал во намазот кога имамот е во состојба на поклон/руку.

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 151) (756).

Сахих Муслим (1/ 295) (394).

Повеќе... (4)

تيسير العلام.

للبسام (ص171).

تنبيه الأفهام.

لابن عثيمين (217).