Skip to content

„Во Џенетот нема да влезе тој што ги кине роднинските врски

Од Џубејр, радијаллаху анху, се пренесува, дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како кажува:

„Во Џенетот нема да влезе тој што ги кине роднинските врски."

«لَا يَدْخُلُ الْجَنَّةَ قَاطِعُ رَحِمٍ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известува во овој хадис дека оној кој ги кине семејните врски, ги вознемирува или им наштетува на своите роднини; таквиот човек со право нема да влезе во Џенетот.

Значење на зборовите

.....:

Од придобивките на хадисот

Прекинувањето на роднинските врски е еден од големите гревови.

Одржувањето на роднинските врски е според општопознатите обичаи, и се може да се разликува според местото, времето и луѓето.

Одржувањето на роднинските врски се манифестира со посети, добрина кон нив, посета на болниот, да ги потикнуваме да прават добро и да ги предупредиме да не прават зло, и други слични работи.

Колку е поблиска роднинската врска толку е поголем гревот кога ја кинеме.

Референци

Сахих Муслим (4/ 1981) (2556).

Сахих Ел-Бухари (8/ 5) (5984).

Повеќе... (5)

شرح النووي على مسلم (16/ 113).

منحة العلام في شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (10/ 90).

فتح ذي الجلال والإكرام بشرح بلوغ المرام.

لابن عثيمين (6/ 277).