Skip to content

Што е Судниот ден?

محاور التعريف بالإسلام
اليوم الآخر والمصيرالحساب
مصدر الإجابة
قسم البعث | كتاب: الإسلام دين رب العالمين، ص 17-18.
الباب / الفصل
(قسم البعث)

السؤال

Што е Судниот ден?

الجواب

Благодарноста Му припаѓа на Аллах. Судниот ден е големиот Ден кој во Благородниот Куран е наречен со многу имиња, а тоа поради многубројните ужаси и настани што ќе се случат во него. Тој е Судниот ден, Денот на взаемната загуба, Силниот удар, Големиот потрес, Денот на оживувањето, Денот на собирањето, Денот на проживувањето, Денот на повикувањето, Големата неволја и други негови многубројни имиња.

Времето на настапувањето на тој Ден не го знае никој освен Аллах — ниту испратен пратеник ниту близок мелек. Возвишениот Аллах вели:

„Часот на оживување сигурно ќе дојде, го кријам од секого, кога секој човек според својот труд ќе биде награден или казнет.“

(Таха, 50)

Возвишениот исто така вели:

„Те прашуваат за Крајот на светот: ,Кога ќе се случи?' Кажи: ,Тоа го знае само Господарот мој, Тој во неговото време ќе го открие, а тежок ќе им биде на небесата и на Земјата, сосема неочекувано ќе ви дојде.' Те прашуваат како да знаеш нешто за тоа? Кажи: ,Тоа само Аллах го знае, но повеќето луѓе тоа не го знаат.‘“

(Ел Араф, 54)

Пред Судниот ден ќе се појават неговите предзнаци, односно неговите знаци. Тие се многубројни: некои веќе се случиле и поминале, а меѓу нив се и десетте големи предзнаци што ќе се случат при крајот на времето. Тие се спомнати во овој хадис од Хузејфа бин Есид ел-Гифари, кој рекол:

„Веровесникот ﷺ ни пријде додека разговаравме, па рече: ,За што разговарате?‘ Рекоа: ,Разговараме за Часот.‘ Тој рече: ,Нема да настапи сè додека пред него не видите десет знаци,‘ — па ги спомна: чадот, Деџалот, животното, изгревањето на Сонцето од запад, слегувањето на Иса, синот на Мерјем, алејхи селам, Јеџуџ и Меџуџ, и три пропаѓања на земјата: пропаѓање на исток, пропаѓање на запад и пропаѓање на Арапскиот Полуостров, а последно од тоа е оган што ќе излезе од Јемен и ќе ги тера луѓето кон местото на нивното собирање.“

Сахих Муслим (170)

На тој Ден луѓето ќе бидат оживеани боси, голи и необрежани. Нивното стоење ќе трае долго во исчекување на пресметката, Сонцето ќе им се приближи, а од нив ќе се лее обилна пот. Аллах на тој Ден ќе ги собере првите и последните, а луѓето ќе бараат од веровесниците, алејхиму селам, шефаат (застапништво), за да се ослободат од маката во која се наоѓаат. Тогаш Аллах ќе му дозволи на нашиот Веровесник Мухамед ﷺ да се застапува за созданијата, па тој ќе посредува кај својот Господар за да започне пресудувањето. На тој Ден ќе има ужаси, страв и многубројни призори, чии детали се наведени во Благородниот Куран и во веродостојниот Сунет.

На тој Ден секој умет ќе дојде со својот пратеник, кој ќе сведочи за нив, а уметот на нашиот Веровесник Мухаммед ﷺ ќе сведочи за секој веровесник дека ја пренел пораката и го исполнил аманетот. И на тој Ден ќе бидат отворени книгите со делата на робовите. Возвишениот Аллах вели:

„И Книгата ќе биде поставена и ќе ги видите грешниците преплашени поради тоа што е во неа. ,Тешко нам!' – ќе зборуваат – ,Каква е оваа книга, ни мал ни голем грев не пропуштила, сè набројала?!' – И ќе го видат запишано тоа што го правеле. Господарот твој нема никому да му направи неправда.“

(Кехф, 49)

И ќе бидат поставени терезиите за мерење на делата на робовите. Возвишениот Аллах вели:

„Ние на Судниот ден терезиите на правдата ќе ги поставиме, па никому неправда нема да му биде направена: ако нешто биде тешко дури и колку зрно синап, Ние за тоа ќе казниме или ќе наградиме. А доста е тоа што Ние за сметките ќе испрашуваме.“

(Ел Енбија, 23)

И ќе бидат доведени сведоците, а Семоќниот ќе пресуди меѓу созданијата. Возвишениот Аллах вели:

„И Земјата од светлината на Господарот свој ќе засјае и Книгата ќе се постави, веровесниците и сведоците ќе бидат донесени, и по правдата на сите ќе им се пресуди, никому нема неправда да му се направи.“

(Ез Зумер, 42)

Возвишениот Аллах, вели:

„И кога Господарот твој ќе дојде со мелеците во редови наредени.“

(Ел Феџр, 27-30)

Тоа е Денот на награда и пресметка за делата што луѓето ги работеле во овоземниот живот. Оној чиишто добри дела ќе бидат тешки, ќе биде од успешните и спасените, а оние чиишто дела ќе бидат лесни — тие се вистинските губитници. Возвишениот Аллах вели:

„И ќе им изложиме сè што знаеме веродостојно за нив, бидејќи Ние не бевме отсутни.

Мерењето тој ден ќе биде праведно: тие чиишто добри дела ќе бидат потешки, тие ќе постигнат што сакаат;

а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие, затоа што доказите Наши не ги признаваа, ќе страдаат.“

По пресметката, верниците ќе бидат одведени во Џенетот, живеалиштето на вечната благосостојба која нема крај. Возвишениот Аллах вели:

„Еденски градини во кои ќе влезат и тие и родителите нивни и жените нивни и потомците нивни – тие што биле честити – мелеци ќе им влегуваат на секоја врата.“

(Ер Рад, 23)

А престапниците и неверниците ќе бидат одведени во Џехенемот, живеалиштето на вечната казна и страдање кое нема крај. Возвишениот Аллах вели:

„А неверниците ги чека Огнот џехенемски, тие нема да бидат на смрт осудени, и нема да умрат, и страдањето во него нема да им се ублажи – ете, секој неверник така ќе го казниме.“

(Ел Фатир, 36)

Откако неверниците ќе ја добијат својата казна, а верниците својата награда, мелеците ќе Му се заблагодарат на својот Господар за Неговата совршена правда и голема мудрост. Возвишениот Аллах вели:

„И ќе ги видиш мелеците како Аршот (престолот) го окружуваат, величајќи и фалејќи Го Господарот свој; и на сите по правдата ќе им се пресуди и ќе биде кажано: ,Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!‘“

Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед.

المصدر

قسم البعث كتاب: الإسلام دين رب العالمين، ص 17-18. قسم البعث كتاب: الإسلام دين رب العالمين، ص 17-18.

ملاحظات

--