Дали муслиманот може да се ожени со христијанка? И дали ѝ е дозволено на муслиманка да се омажи за христијанин?
- محاور التعريف بالإسلام
- الشبهات والاعتراضاتشبهات حول المرأة
- مصدر الإجابة
- قسم المسلمين
- الباب / الفصل
- (قسم المسلمين)
السؤال
Дали муслиманот може да се ожени со христијанка? И дали ѝ е дозволено на муслиманка да се омажи за христијанин?
الجواب
На муслиманот му е дозволено да се ожени со христијанка доколку таа е чесна, а доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах:
„Од сега ви се дозволува сета убава храна; и ви се дозволува храната на тие на кои им е дадена Книгата, и вашата храна им е дозволена на нив; и чедните вернички ви се дозволени, и чедните ќерки на тие на кои им е дадена Книгата пред вас, кога нивните венчални дарови ќе им ги дадете со намера со нив да се ожените, а не со нив да блудничите и за љубовници да ги земате...“
(Ел Маиде, 46)
Додека на муслиманка не ѝ е дозволено да стапи во брак со немуслиман, поради зборовите на Возвишениот Аллах:
„Не женете се со идолопоклоничките сè додека не станат вернички...“
(Ел Бекаре, 21)
И зборовите на Возвишениот:
„Па, ако се уверите дека се вернички, тогаш не враќајте ги кај неверниците; тие не им се допуштени ним, ниту пак тие (неверниците) им се допуштени ним (на верничките).“
(Ел Мумтехине, 8)
Мудроста во тоа е што вистинската вера е исламот, па муслиманот верува во сите книги што Аллах ги објавил, меѓу кои е и Инџилот, и верува во сите пратеници што Аллах ги испратил, а меѓу нив е и Иса, алејхи селам. За разлика од него, има луѓе кои не веруваат во некои од книгите и не веруваат во некои од пратениците, па затоа тие не се исти. Од друга страна, мажот има старателство и водечка улога во семејството, а жената најчесто го следи својот сопруг во многу животни прашања. Затоа, доколку немуслиман биде сопруг на муслиманка, тоа може да стане причина таа да се оддалечи од вистината и да премине во заблуда.
المصدر
ملاحظات
--