Како исламот ја почестил жената?
- محاور التعريف بالإسلام
- الشبهات والاعتراضاتشبهات حول المرأة
- مصدر الإجابة
- قسم المسلمين
- الباب / الفصل
- (قسم المسلمين)
السؤال
Како исламот ја почестил жената?
الجواب
- Исламот ја почестил жената кога ја ослободи од товарот на гревот на Адем, како што е случај во некои други верувања. Напротив, исламот се погрижи да ја возвиши нејзината положба.
- Во исламот, Аллах му прости на Адем и нè поучи како да Му се вратиме секогаш кога ќе згрешиме во текот на животот. Возвишениот Аллах вели:
И Адем прими некои зборови од Господарот свој, па Тој му прости; Тој навистина простува и Милостив е!
(Ел Бекаре, 21)
- Мерјем, мајката на Месихот, алејхи селам, е единствената жена која е спомната по име во Благородниот Куран.
- Жената одиграла голема улога во многу кажувања спомнати во Куранот, како што е Белкис, кралицата на Саба, и нејзината приказна со веровесникот Сулејман, која завршила со нејзиното верување и предавање на Господарот на световите. Како што се наведува во Благородниот Куран:
„Видов една жена како владее и дека сè и сешто ѝ е дадено, а има и величествен престол.“
(Ен Немл, 88)
- Исламската историја ни покажува дека Пратеникот Мухамед ﷺ се советувал со жените и го земал предвид нивното мислење во многу ситуации. Исто така, им дозволил на жените да одат во џамија како и мажите, под услов да се придржуваат до пристојноста, иако намазот во нејзиниот дом е подобар за неа. Жените учествувале заедно со мажите во војните и помагале во лекувањето и негата. Исто така, учествувале во трговијата и се истакнувале во областа на образованието и знаењето.
- Исламот значително ја подобрил положбата на жената во споредба со старите арапски обичаи, бидејќи го забранил живото закопување на женските деца и ѝ дал на жената самостојна личност и достоинство. Исто така, ги уредил договорните прашања поврзани со бракот, зачувувајќи го нејзиното право на мехр, гарантирајќи ѝ право на наследство, како и право на сопствен имот и самостојно управување со нејзините средства.
Божјиот пратеник ﷺ рекол:
„Верникот со најсовршен иман е оној со најубаво однесување, а најдобрите меѓу вас се оние што најдобро се однесуваат кон своите жени.“
Возвишениот Аллах вели:
„За муслиманите и муслиманките, и за верниците и за верничките, и за послушните мажи и за послушните жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, и за мажите кои често Го спомнуваат Аллах и за жените кои често Го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.“
(Ел Ахзаб, 35)
„О, верници, забрането ви е сопругите да ги наследувате (како предмети) без нивна желба и да им причинувате тешкотии со намера од нештата што им ги дарувавте за себе да си присвоите освен доколку сторат јасен грев. Со нив убаво живејте! А ако почувствувате непожелност кон нив, можно е да не сакате нешто во коешто Аллах дал големо добро!“
(Ен Ниса, 1)
,,О, луѓе плашете се од Господарот свој, Кој од еден човек ве создаде, од кого жената како пар негов ја создаде, а од нив двајца многу мажи и жени расеа! Плашете се од Аллах, со Чие име едни со други се замолувате и роднинските врски чувајте ги! Аллах, навистина, бдее над вас!“
„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле.“
(Ен Нахл, 97).
„...тие се ваша облека, а вие сте нивна облека...“
„И еден од доказите Негови е тоа што за вас, од видот ваш, создава жени за покрај нив да се смирите, и тоа што помеѓу вас создава љубов и сомилост. Во тоа навистина има знаци за луѓето што размислуваат.“
(Ер Рум, 27)
„Тие од тебе бараат прописи за жените. Кажи: ,Аллах ќе ви ги објасни прописите за нив и за тоа што ви се чита во Книгата за сирачките, на кои им го ускратувате тоа што им е пропишано, а не сакате со нив да се ожените, и за немоќните деца, и за тоа дека со сирачињата треба праведно да постапувате. А Аллах сигурно знае за доброто што ќе го сторите!'
Ако некоја жена се плаши од суровоста и безобѕирноста од мажот, тогаш тие нема да се огрешат доколку меѓусебно се договорат; а договорот е најдобар. А душите на луѓето се склони кон алчност! И ако вие убаво постапувате и од Аллах се плашите – па, Аллах добро го знае тоа што го правите!“
- Возвишениот Аллах им наредил на мажите да се грижат за издршката на жените и да го чуваат нивниот имот, без жената да има финансиски обврски кон семејството. Исто така, исламот ги зачувал личноста и идентитетот на жената, дозволувајќи ѝ да го задржи своето семејно име и по стапувањето во брак.
المصدر
ملاحظات
--