Која е мудроста од носењето на хиџабот за жената?
- محاور التعريف بالإسلام
- محاسن الإسلاممحاسن العبادةالشبهات والاعتراضاتشبهات حول المرأة
- مصدر الإجابة
- قسم المسلمين
- الباب / الفصل
- (قسم المسلمين)
السؤال
Која е мудроста од носењето на хиџабот за жената?
الجواب
Во исламот задолжително е човекот да ја извршува наредбата и да се оддалечува од забраната, дури и кога не ја знае мудроста зад тоа, бидејќи Возвишениот Аллах е Мудар во сè што пропишал и одредил. Хиџабот не е својствен само за исламот; туку и во верозаконот на Муса и Иса, алејхима селам, постоеле прописи што ја задолжувале жената да носи хиџаб. Некои религиозни еврејски семејства и денес се придржуваат до ова, како остаток од верозаконот на Муса, алејхи селам.
Аллах кај мажот и жената создал природна склоност еден кон другиот пол, за да се воспостави бракот — дозволената врска преку која продолжува човечкото потомство. Несомнено е дека откривањето на убавините на жената ѝ штети нејзе, бидејќи така се изложува на расипани мажи, а им штети и на мажите кои гледаат во неа, бидејќи тоа најчесто ги побудува нивните страсти. Затоа, нема сомнеж дека хиџабот претставува заштита за сите и е знак на чедноста на жената. Тој му овозможува само на сопругот да ги гледа убавините на својата сопруга, без другите луѓе да имаат удел во тоа. Здравата човечка природа ја поддржува оваа посебност и повикува кон срамежливост и заштита од штетите на неморалот, болестите, ширењето на вонбрачни деца и мешањето на потеклото. Почетокот на сето тоа лежи во запоставувањето на хиџабот од страна на жените и попустливоста на мажите во спуштањето на погледот. Поради сериозноста на ова прашање, шеријатот предупредил на сè што води кон блуд, па нашиот Возвишен Господар вели:
„И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа!“
(Ел Исра, 15)
Аллах им наредил и на мажите и на жените да го спуштаат погледот. Возвишениот Господар вели:
„Кажи им на верниците нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои; тоа им е најморално, затоа што Аллах навистина го знае тоа што го прават.
А кажи им на верничките нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои; и нека не ги покажуваат украсите свои освен тоа што е и онака надворешно, и нека ги спуштат веловите свои на градите свои; нека не им ги покажуваат украсите свои на другите, освен на мажите свои или на татковците свои, или на татковците на мажите свои, или на синовите свои, или на синовите на мажите свои, или на браќата свои, или на синовите на браќата свои, или на синовите на сестрите свои, или на пријателките свои, или на робинките свои, или на мажите кои немаат потреба за жени, или на децата кои сè уште не знаат кои се срамните места на жените; и нека не удираат со нозете свои за да не се чуе звукот на накитот нивен кој го покриваат. И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни.“
(Ен Нур, 62)
المصدر
ملاحظات
--