Skip to content

Создателот е Милостив кон Своите робови, па зошто не ги прифаќа склоностите на хомосексуалната личност?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم المسلمين
الباب / الفصل
(قسم المسلمين)

السؤال

Создателот е Милостив кон Своите робови, па зошто не ги прифаќа склоностите на хомосексуалната личност?

الجواب

Возвишениот Аллах вели:

„И Лут – кога му рече на народот свој: ,Зошто правите разврат каков никој пред вас на светот не го чинел?

Вие со страст им приоѓате на мажите, наместо на жените. Вие сте народ кој сите граници на злото ги преминува!'

А одговорот на народот негов гласеше: ,Истерајте ги од градот ваш, тие се чисти луѓе!ʼ“

(Ел Араф, 54)

Овој ајет потврдува дека хомосексуалноста не е наследна и не претставува дел од основната структура на човечкиот генетски код, бидејќи народот на Лут бил првиот што го вовел овој вид разврат. Ова се совпаѓа и со една од најопсежните научни студии, која укажува дека хомосексуалноста нема директна поврзаност со наследните гени. Види: „Ел Кехил“ – Енциклопедија за научните чуда во Куранот и Сунетот.

И дали ја прифаќаме и ја почитуваме склоноста на крадецот кон кражбата? И тоа е склоност, но и во двата случаи станува збор за неприродна склоност. Тоа претставува отстапување од човечката природа и нарушување на природниот поредок, и затоа треба да се исправи.

Аллах го создал човекот и го упатил кон исправниот пат, а нему му е дадена слобода на избор помеѓу патот на доброто и патот на злото.

и доброто и злото му ги објаснивме?“

(Ел Белед, 8-10)

Затоа гледаме дека во општествата кои ја забрануваат хомосексуалноста оваа појава ретко се појавува, додека во средините кои ја дозволуваат и ја поттикнуваат, процентот на хомосексуалност се зголемува. Тоа укажува дека средината и воспитувањето имаат големо влијание врз ваквите девијантни појави кај човекот.

Идентитетот на човекот денес се менува од миг во миг, под влијание на медиумите, технологијата или дури и фанатичната приврзаност кон некој фудбалски клуб, па глобализацијата создаде човек со сложен и нестабилен идентитет. Предавникот почна да се претставува како човек со „сопствен став“, а девијантниот како личност со „нормално однесување“, на која ѝ се дава законско право јавно да ги промовира своите убедувања, па дури од другите се бара да го поддржат и прифатат. Надмоќта денес му припаѓа на оној што ја поседува технологијата. Ако девијантниот е страната што располага со средства на моќ, тогаш тој ќе ги наметне своите убедувања врз другите, што доведува до дефект во односот на човекот кон самиот себе, кон општеството и кон неговиот Создател. Со директното поврзување на индивидуализмот со сексуалната девијација, постепено исчезнува човечката фитра врз која е создаден човечкиот род, а се руши и концептот на семејството. Затоа Западот почна да бара решенија за последиците од претераниот индивидуализам, бидејќи продолжувањето по тој пат ги загрозува достигнувањата на современиот човек, исто како што го загрози и семејниот систем. Оттука, западните општества и денес се соочуваат со проблемот на намалување на населението, што ги натера да ги отворат вратите за миграција. Верувањето во Аллах, почитувањето на законите на вселената кои Тој ги создал и придржувањето кон Неговите наредби и забрани, претставуваат пат кон среќата и на овој свет и на Ахиретот.

المصدر

قسم المسلمين

ملاحظات

--