Дали исламот се проширил со острицата на сабјата? Ако е така, тогаш како може да се опише како вера која повикува кон мир?
- محاور التعريف بالإسلام
- الغاية من خلق الإنسان ومعنى الحياةالخير والشرالشبهات والاعتراضاتشبهات حول الجهاد
- مصدر الإجابة
- قسم الإسلام
- الباب / الفصل
- (قسم الإسلام)
السؤال
Дали исламот се проширил со острицата на сабјата? Ако е така, тогаш како може да се опише како вера која повикува кон мир?
الجواب
Прашање: Дали исламот се проширил со меч?
Одговор: Основата на ширењето на исламот е дека тој се ширел преку повикување кон Возвишениот Аллах, а мечот бил употребуван против оние кои му се спротивставувале на исламскиот повик или се бореле против него. Пратеникот ﷺ тринаесет години го пренесувал исламскиот повик во Мека, а Медина била освоена преку повикот уште пред да му биде наредена борбата. Потоа асхабите и муслиманите се распространиле по Земјата и повикувале кон Аллах, а против оние кои одбивале и се бореле против исламот, тие воделе борба. Исламот никого не присилува во верата. Возвишениот Аллах вели:
„Нема присилба кон верата...“
Џизјата е пропишана за оние кои не сакаат да го прифатат исламот, и таа претставува мал надомест во замена за нивната заштита.
Исправниот ислам ги штител зиммиите (немуслиманите кои живееле како поданици во исламска држава), а под негова закрила живееле евреите и христијаните, откако претходно едни со други се прогонувале и убивале. Така, меѓу нив воспоставил спокој, склад и мир. Од милоста на Возвишениот Аллах кон Неговите робови е и тоа што го пропишал џихадот, за да стигне повикот и да владее исламот, преку што многу луѓе постигнуваат среќа и спас на овој и на идниот свет. Аллах е Тој Кој дава успех. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед, неговото семејство и сите негови асхаби.
المصدر
ملاحظات
--