Skip to content

Што треба да направи човек кој го прифатил исламот, а неговата сопруга не?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم الإسلام
الباب / الفصل
(قسم الإسلام)

السؤال

Што треба да направи човек кој го прифатил исламот, а неговата сопруга не?

الجواب

Ако неговата сопруга е еврејка или христијанка, тогаш нема пречка бракот да продолжи. Возвишениот Аллах вели:

„Од сега ви се дозволува сета убава храна; и ви се дозволува храната на тие на кои им е дадена Книгата, и вашата храна им е дозволена на нив; и чедните вернички ви се дозволени, и чедните ќерки на тие на кои им е дадена Книгата пред вас, кога нивните венчални дарови ќе им ги дадете со намера со нив да се ожените, а не со нив да блудничите и за љубовници да ги земате. А тој што ќе отпадне од вистинската вера – залудни ќе му бидат делата негови и тој, на оној свет, ќе биде губитник.“

(Ел Маиде, 44)

Но треба да се потруди да ја повикува во исламот и да упатува дова за неа, со надеж дека Аллах ќе ја упати. Ако, пак, неговата сопруга не е од Следбениците на Книгата, тогаш бракот престанува со самото прифаќање на исламот од страна на сопругот. Сепак, може да почека одредено време, надевајќи се дека Аллах ќе ја упати во исламот, но меѓу нив не смее да има брачен (интимен) однос сè додека таа не го прифати исламот.

المصدر

قسم الإسلام

ملاحظات

--