Skip to content

Дали е точно дека муслиманите го обожуваат веровесникот Мухамед ﷺ?

مصدر الإجابة
قسم النبوة
الباب / الفصل
(قسم النبوة)

السؤال

Дали е точно дека муслиманите го обожуваат веровесникот Мухамед ﷺ?

الجواب

Не е точно. Муслиманите го обожуваат само Аллах, Единствениот, Кој нема содружник. Оној што обожува некого покрај Аллах или обожува друг освен Него е неверник и не е муслиман. Муслиманите во својот намаз велат: „Сведочам дека нема друго вистинско божество освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник ﷺ.“

Исто така, Книгата со која дојде Пратеникот Мухамед ﷺ е исполнета со јасни разумски докази кои ја покажуваат ништовноста на ширкот и залудноста на делата на многубошците, како што Возвишениот Аллах вели:

„Да управуваа други богови со Земјата и небесата, а не Аллах, ќе се побркаа. Па нека е возвишен Аллах, Господарот на Аршот, од тоа што Му го припишуваат!“

(Ел Енбија, 22)

Затоа, муслиманите го следат Веровесникот ﷺ, но не го обожуваат. Веровесник ﷺ рекол:

„Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб да стане предмет на обожување! Аллах нека ги проколне луѓето кои ги претвораат гробовите на своите пратеници во светишта (места на ибадет).“

Го бележи Ахмед (7358); хадисот е хасен.

Аллаховиот пратеник ﷺ го предупреди својот уммет од претерување и од преминување на границите во однос на него, па рече:

„Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“

Сахих Бухари (3445)

Пратеникот ﷺ ѝ појасни и на својата ќерка, Аллах нека е задоволен со неа, која му беше најблиска, како и на останатите негови роднини, дека на Судниот ден нема да може да им помогне пред Аллах, па им рече, кога му беше објавено:

„И опоменувај ги своите најблиски роднини.“

(Еш Шуара, 214)

„О Курејшии, спасете се себеси пред Аллах — јас нема да можам ништо да ви помогнам пред Аллах. О потомци на Абдулмуталиб, нема да можам ништо да ви помогнам пред Аллах. О Абас ибн Абдулмуталиб, нема да можам ништо да ти помогнам пред Аллах. О Сафија, тетко на Божјиот пратеник, нема да можам ништо да ти помогнам пред Аллах. О Фатима, ќерко на Божјиот пратеник, побарај од мене што сакаш — но пред Аллах нема да можам ништо да ти помогнам.“

Го бележат Сахих Бухари (7274), и Сахих Муслим (239)

Доколку Пратеникот ﷺ сакал луѓето да го обожуваат, немало да им укаже дека не може да им донесе никаква корист пред Аллах. Напротив, Аллах му објави во Величествениот Куран — кој муслиманите го читаат — јасни зборови кои го потврдуваат тоа:

„А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: ,Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.‘“

(Ез Зумер, 65)

Па како, покрај сето ова, може да се помисли дека муслиманите го обожуваат, веровесникот Мухамед, Аллаховиот благослов и мир нека се врз него?!

المصدر

قسم النبوة

ملاحظات

--