Што рекол Аллаховиот веровесник Иса, алејхи селам, за веровесникот Мухамед ﷺ?
- محاور التعريف بالإسلام
- المحتوى المخصص بحسب الدينمحتوى للنصارىالتعريف بمحمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالنبي محمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالأنبياء السابقين ومكانة عيسى عليه السلامحقيقة عيسى عليه السلام
- مصدر الإجابة
- قسم النبوة
- الباب / الفصل
- (قسم النبوة)
السؤال
Што рекол Аллаховиот веровесник Иса, алејхи селам, за веровесникот Мухамед ﷺ?
الجواب
Повеќето од претходните веровесници им го најавувале на своите народи доаѓањето на последниот веровесник, Мухамед ﷺ, и од нив земале завет да веруваат во него и да го следат доколку Аллах го испрати додека тие се живи. Текстовите за оваа тема се премногубројни за да можат целосно се опфатат. Знаејќи дека пратеништвото на Муса и Иса, алејхима селам, временски е најблиско до пратеништвото на нашиот веровесник Мухамед ﷺ, таквите текстови во голем број се наоѓаат во нивните книги, како и во другите книги на веровесниците од Бену Исраил. Тие го опишуваат неговиот лик, неговиот град, неговата преселба/хиџрет, обележјата на неговата вера, неговите асхаби, како и победата и зацврстувањето што Аллах ќе им го даде, покрај другото што го содржат нивните книги. Овие текстови исто така носат радосна вест за неговото доаѓање, подготовка на душите за неговото прифаќање и повик кон верување во него и негово следење. Учените од Бену Исраил ги познавале овие текстови, а неговиот опис и описот на неговите асхаби биле добро врежани во нивните сознанија, како и кај христијанските свештеници и монаси. Сепак, тие искривиле голем дел од нив, но и покрај тоа останале бројни сведоштва – било во Стариот завет, кој ги содржи записите на еврејските веровесници, или во Новиот завет, кој претставува збир од она што го запишале христијанските свештеници, а за кое сметаат дека го пренеле од оние што биле современици на Месихот Иса, алејхи селам. Од тие текстови се следниве:
Прво: Радосната вест за овој величествен пратеник Мухамед ﷺ му била објавена на Муса, алејхи селам, како што се наведува во книгата Повторени закони (Петтата Мојсиева книга): ,,Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти. Ќе ги положам своите зборови во неговата уста, за да им каже сè што ќе му заповедам. А ако некој не ги послуша Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име, тој ќе одговара пред Мене.“
(Повторени закони 18:18–19)
Браќата на синовите Исраилови се синовите на Исмаил, а од потомството на Исмаил не се појавил пратеник освен Мухамед ﷺ. Во овој текст Муса, алејхи селам, ја спомнува и заканата од Аллах за оној што нема да ги послуша зборовите на Божјиот пратеник Мухамед ﷺ, а тоа се Неговите зборови: „Тој ќе одговара пред Мене.“ А оној од кого Аллах ќе бара одговорност – сигурно ќе одговара.
Исто така, Муса, алејхи селам, укажал дека последниот веровесник ќе произлезе од Фаран, а Фаран се планините во Мека. По Исмаил, алејхи селам, од Мека не се појавил ниту еден веровесник освен Мухамед ﷺ, како што е наведено во книгата Повторени закони: ,,Тој рече: ,Господ дојде од Синај, се покажа на Сир и заблеска од гората Фаран.'“
Второ: Радосната вест за него ја пренел и Давуд, алејхи селам, кога вели: „Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот.“ (Псалми 117:22)
Значењето на оваа радосна вест е дека пратеништвото за кое синовите на Исраил одбиваа да биде од потомството на Исмаил (Арапите) стана највозвишеното пратеништво, бидејќи тоа е печат на пратеништвата за човештвото, преку највозвишениот пратеник. Споредбата со градба е направена затоа што секој пратеник го надополнувал она што го започнал претходниот, сè додека не се заокружило испраќањето на пратениците и не останал само последниот. Кога градбата се приближила кон своето довршување и останала само уште една тула, Аллах го испратил Својот пратеник и миленик Мухамед ﷺ; со него ја усовршил верата, ја употполнил благодатта, ги запечатил пратеништвата и ја довршил градбата. Така, Божјиот пратеник Мухамед ﷺ е печатот на веровесниците и пратениците, алејхиму селам, и токму на него се однесува примерот со каменот спомнат во оваа радосна вест.
Трето: Месих, Иса, алејхи селам, како што е наведено во Евангелието според Матеј, рекол: „Затоа ви велам дека царството Божјо ќе се земе од вас и ќе се даде на народ, што ги принесува неговите плодови.“ (Матеј 21:43)
Размисли за ова значајно известување содржано во оваа радосна вест: Месих, алејхи селам, ги известил синовите Исраилови дека веровесништвото ќе премине од нив кај потомството на Исмаил, алејхи селам. А единствениот веровесник што Аллах го испратил од потомството на Исмаил е печатот на веровесниците, Мухамед ﷺ.
Исто така, Иса, алејхи селам, рекол, како што е наведено во Евангелието според Јован: „А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, бидејќи од почетокот сте со Мене.“ (Јован 15:26–27)
Кој сведочеше за пратеништвото на Иса, алејхи селам, и го очисти од она што Евреите го припишаа нему и на неговата мајка, алејхима селам, освен Божјиот пратеник Мухамед ﷺ? Иса, алејхи селам, исто така рекол: „Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината; Он Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави.“ (Јован 16:12–14)
Аллах потврди дека следбениците на Книгата го познаваат, и дека го распознаваат како што ги распознаваат своите синови. Возвишениот вели:
„Тие на коишто им ја дадовме Книгата го познаваат (Мухамед) како што синовите свои ги познаваат, но некои од нив навистина свесно вистината ја прикриваат.“
(Ел Бекаре, 129)
Како што Куранот укажува за христијаните дека Месихот Иса, алејхи селам, ги известил за неговиот опис и неговата мисија – како што беше наведено во претходните текстови – така јасно го спомнал и неговото име. Возвишениот вели:
„А кога Иса, синот Мерјемин, рече: ,О, синови Израилови, јас сум ви Аллахов Пратеник да го потврдам пред мене објавениот Теврат и да ви донесам радосна вест за Пратеникот чиешто име е Ахмед, кој ќе дојде после мене', и кога им ги донесе тој јасните докази, тие рекоа: ,Ова е јасна маѓија!'“
(Ес Саф, 6)
А за повеќе текстови кои ги содржат овие радосни вести, читателот може да се врати на следниве книги:
„Ед-Дин ве-д-Девле фи исбат нубуввети небијина Мухамед ﷺ“ (Верата и државата во докажувањето на пратеништвото на нашиот веровесник Мухамед ﷺ) – од Али бин Рабан ет-Табери; „Тухфетул-ериб фи ер-ред ала абадис-салиб“ (Подарок за разумниот како одговор на обожавателите на крстот) – од Абдуллах ет-Терџуман (неговото име пред да го прими исламот било Анселм Турмеда);
„Мухамед фит-Теврати вел-Инџили вел-Куран“ (Мухамед во Тевратот, Инџилот и Куранот) – од Ибрахим Халил Ахмед (пред да го прими исламот се викал Ибрахим Филипс);
„Мухамед фил-Китаб ел-Мукаддес“ (Мухамед во Светото писмо) – од Абдул-Ехад Давуд.
Авторите на овие дела биле христијани, а потоа го примиле исламот. На Аллах Му припаѓа сета благодарност, благодарение на Аллах.
Нема ништо чудно во тоа човек да прашува што рекол Месих, алејхи селам, за нашиот веровесник Мухамед ﷺ. Напротив, чудно е човек да знае дека пратениците и веровесниците дошле од Аллах со една единствена цел – обожување само на Аллах, без да Му се припишуваат здруженици – и дека сите повикувале кон верување во Аллах, во проживувањето, во полагањето сметка и во наградата и казната, а потоа да не поверува во она со кое дошле. Тоа е, се колнам во Аллах, јасна загуба и пропаст од која нема спас. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед ﷺ.
Види: „Мојата голема љубов кон Иса, алејхи селам, ме доведе до исламот“, стр. 169, и „Бишаратул-Месих, алејхи селам“ – од Мухамед бин Абдулах ес-Сухејм.
المصدر
ملاحظات
--