Skip to content

Кој е доказот за Аллаховото постоење?

محاور التعريف بالإسلام
التعريف بالله تعالىأدلة وجود الله
مصدر الإجابة
قسم الإيمان
الباب / الفصل
(قسم الإيمان)

السؤال

Кој е доказот за Аллаховото постоење?

الجواب

Доказот за Аллаховото постоење се јасниот разум, оргиналната човечка природа (фитра) и исправните патишта. Ова не го негира никој освен оној што се оддалечил од она што го наложува здравиот човечки разум. Овие созданија нужно имаат Создател. Затоа што, или би постоеле без Создател и без некој што ги создал – што разумот категорично го отфрла, бидејќи ништо не може да постои само од себе без создател –

или самите себе се создале, што е исто така невозможно и апсурдно, бидејќи ништо не може само од себе да настане од ништо.

Другата можност е овие созданија да имаат Создател Кој ги создал – а тоа е Возвишениот Аллах, Величествениот, Сезнајниот, Создателот, Мудриот.

Возвишениот Аллах укажа на оваа поделба со најјасно и концизно објаснување, па вели:

„Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?!

Дали тие небесата и Земјата ги создадоа?! Не, туку тие не се убедени!“

(Ет Тур, 35-36)

Во врска со тоа, некој бил прашан: „Како го спозна својот Господар?“ Па одговорил: „Изметот укажува на камилата, а стапалките укажуваат на оној што поминал. Па зарем небото со своите соѕвездија, Земјата со своите патишта и морињата со своите бранови – не укажуваат на Благиот и Сèзнајниот?!“

Овие созданија нужно имаат Управител Кој управува со нив. Ако човек погледне кон горниот и долниот свет, ќе забележи совршено уредување: сè е создадено во облик што му прилега и секое создание е упатено кон она што му користи и му го обезбедува опстанокот.

Оваа совршеност се повторува кај сите созданија во безбројни облици и форми, поради што теоријата за случајноста и хаосот е невозможна.

Возвишениот Аллах укажа и на ова, па вели:

„...дело на Аллах, Кој сè совршено создал...“

(Ен Немл, 88)

И вели:

„Господарот наш е Тој што му даде облик на сè, а потоа го упати.“

(Таха, 50)

Се пренесува дека една група атеисти се собрале кај Ебу Ханифе, Аллах нека му се смилува, и му рекле: „Кој е доказот за постоењето на Создателот?“ Тој им рече: „Оставете ме, мојот ум е зафатен со нешто чудно.“ Тие прашаа: „Што е тоа?“ Тој одговори: „Дознав дека на реката Тигар има голем брод, полн со разни видови стока, кој оди и се враќа без никој да го придвижува и без капетан што управува со него.“

Тие му рекоа: „Зарем си луд?“ Тој одговори: „А зошто го велите тоа?“ Тие рекоа: „Зарем разумен човек би поверувал во ова?“ Па тој им рече: „Тогаш како вашиот разум прифатил дека овој свет, со сите негови видови и чудесни појави, и оваа небесна сфера што постојано се движи, постои без создател и дека овие движења се случуваат без управител?“ Па тие се прекорија самите себе.

Доказите што укажуваат на постоењето на Возвишениот Господар се премногу за да можат да се избројат. Меѓу нив е фитрата – вродената природа што човекот ја чувствува во себе и на која не може да ѝ се противречи.

Меѓу доказите е и тоа што секое создание укажува на својот Создател.

Исто така, меѓу доказите се грижата, совршеното уредување и потчинувањето, како и други што не можат ниту да се избројат ниту да се опфатат. Затоа, сè укажува на Возвишениот Аллах – Величествениот Создател, Мудриот Управител.

المصدر

قسم الإيمان

ملاحظات

--