Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Секој кој ќе го исполни постот во месецот рамазан, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата. Ќе се повика: ,Каде се постачите?‘ – и тие ќе станат и ќе влезат. Кога ќе влезат, вратата ќе се затвори и никој друг нема да може да влезе преку неа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него. Постот е штит, кога некој од вас пости, нека не зборува простаклаци и нека не го крева гласот, расправајќи се, ако некој го навреди или се степа со него, нека каже: ,Јас постам!‘ Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, здивот од устата на постачот е поубав кај Аллах од мирисот на мошус. Постот има две радости: една кога ќе го заврши постот и друга кога ќе Го сретне својот Господар, и ќе се израдува на својот пост!“
Автентичен Муттефекун алејхи
,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“
Автентичен Муттефекун алејхи