Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

103 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
„Не ги спречувајте Божјите робинки од Аллаховите џамии. Но нека излегуваат без да се намирисаат.“
Добар Го бележи Ебу Давуд
,,Нема да настапи Часот сè додека луѓето не почнат да се натпреваруваат во украсувањето на џамиите.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ибн Маџе
„Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, затoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин.“ Потоа го рецитирал ајетот: „И извршувај го намазот за да Ме спомнуваш.“ (Та Ха, 14)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе се избања во петок како што се бања после џенабет, а потоа порано тргне во џамија, ќе биде награден како да жртвувал камила. Кој ќе тргне во вториот час, ќе биде награден како да жртвувал крава. Кој ќе тргне во третиот час, како да жртвувал овен со рогови. Кој ќе тргне во четвртиот час, како да жртвувал кокошка. А кој ќе тргне во петтиот час, како да жртвувал јајце. А кога имамот ќе почне со хутбата, мелеците пристапуваат и го слушаат потсетувањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека Осман ибн Афан, радијаллаху анху, сакал да ја прошири и обнови џамијата (на Аллаховиот Пратеник, алејхис-селам), но на некои луѓе не им се допаднало тоа и повеќе сакале таа да остане во својата оригинална форма. Тогаш тој рекол: „Го слушнав Пратеникот ﷺ како вели: ,Кој ќе изгради џамија за Аллах, Аллах ќе му изгради слична на неа во Џенетот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Некои луѓе или ќе престанат да го оставаат петочниот намаз, или Аллах ќе им ги запечати срцата – па ќе станат од небрежните.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот образ.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие сè додека не се разбуди, за детето сè додека не достигне зрелост и за лудиот сè додека не се освести.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед