Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

103 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
,Кој ќе ги чува четирите рекати пред пладневниот намаз и четирите рекати по него, Аллах ќе го заштити од Оганот.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост!‘ А кога ќе излезе, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, сочувај ме од проклетиот шејтан!‘ А според верзијата на ел-Хаким: ,Аллаху мој, заштити ме од проклетиот шејтан!‘“
Добар Го бележат Ибн Маџе и Хаким
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, помеѓу две сеџди, велел: „Аллаху, прости ми, смилувај ми се, дај ми здравје, упати ме и нахрани ме!“
Добар поради преданијата што го поткрепуваат Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: праведниот владетел, младичот кој пораснал во ибадет на Аллах, човекот чие срце е приврзано за џамиите, двајца кои се сакаат во името на Аллах – се сретнале поради Него и се разделиле поради Него, човекот кого го повикала жена со углед и убавина, а тој ѝ рекол: ‚Јас се плашам од Аллах‘, човекот кој дал садака тајно – така што левата рака не знае што дала десната, и човекот кој го спомнал Аллах кога бил сам – па му потекле солзи.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се молеше и го кажуваше следното: „Аллахумме инни е‘узу бике мин ‘азабил-кабри ве мин ‘азабин-нари ве мин фитнетил-махја вел-мемати ве мин фитнетил-месихид-деџџали“ (Аллаху, ја барам Твојата заштита од казната во гробот и од казната во пеколот, од искушенијата на животот и смртта и од искушенијата на лажниот Месија Деџал.)“ Во Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе биде на последниот тешехуд, нека побара од Аллах засолниште за четири работи: Казната на кабурот, искушението на животот, искушението на смртта и од злото на лажниот месија Деџал.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најдобрите сафови за мажите се првите, а најлошите последните. Додека за жените, најдобрите сафови се последните, а најлошите првите.“
Автентичен Го бележи Муслим