Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

32 од 841 картички

Исчисти филтри
„Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Овој свет е (привремено) уживање, а најголемото уживање на овој свет е добра сопруга.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Алаховиот Пратеник, алејхи селам, нè научи на хутбетул-хаџе која гласи: ,Целата благодарност му припаѓа на Аллах, од Него бараме помош и прошка. Му се приклонуваме од злото на нашите души. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го одведе во заблуда, а кого го остава во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. Сведочам дека нема друг вистински бог освен Алах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник“. (О, луѓе плашете се од Гос­по­дарот свој, Кој од еден човек ве создаде, од кого жената како пар негов ја создаде, а од нив двајца мно­гу мажи и жени ра­сеа! Пла­ше­те се од Аллах, со Чие име ед­ни со други се замолу­ва­те и роднин­ските врски чувајте ги! Аллах, навистина, бдее над вас!) (Ен Ниса:1), ( О, верници, плашете се од Аллах со вистинска бого­бо­јаз­ливост и никако не умирајте, освен како муслимани!)(Али Имран: 102), (О, верници, плашете се од Аллах и говорете ја само вис­ти­на­та,Тој за вашите добри дела ќе ве награди и гревовите ваши ќе ви ги прости. А тој што ќе Му се покорува на Аллах и на Пра­те­никот Негов – голем успех ќе пос­тигне.) (Ел Ахзаб: 70-71)".
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Дојдов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заедно со неколку жени од енсариите, за да му дадеме завет на верност. Рековме: ,О Божји пратенику, ти даваме завет дека нема да Му припишуваме ништо на Аллах, нема да крадеме, нема да правиме прељуба, нема клеветиме никого со она што самите ќе ги измислиме, ниту ќе ти се спротивставуваме во доброто што ќе ни го наредиш.‘ Тој ни рече: ,Според вашата можност и сила.‘ А ние рековме: ,Аллах и Неговиот пратеник се помилостиви кон нас. Повели, прими го нашиот завет, о Божји пратенику!‘ Но тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Јас не се ракувам со жени. Моите зборови упатени кон сто жени се исто како да се упатени кон една – или се еднакви на зборовите што ги упатувам кон една жена.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Верникот не може да мрази верничка (која му е сопруга), ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, ќе му биде драга поради друго својство.“ Или рекол: ,,Со нешто друго."
Автентичен Го бележи Муслим
„Не ги удирајте Аллаховите робинки (жените).“ Потоа Омер, Аллах нека е задоволен со него, дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Жените станаа дрски кон своите мажи.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дозволи тие да бидат удрени (во воспитна смисла). Подоцна многу жени дојдоа кај семејството на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, жалејќи се на своите мажи. Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Денес кај семејството на Мухамед дојдоа многу жени жалејќи се на своите мажи. Таквите мажи не се меѓу најдобрите меѓу вас.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Ибн Маџе
„Имињата кои најмногу ги сака Аллах се: Абдулах и Абдурахман.“
Автентичен Го бележи Муслим