Skip to content

„Имињата кои најмногу ги сака Аллах се: Абдулах и Абдурахман.“

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Имињата кои најмногу ги сака Аллах се: Абдулах и Абдурахман.“

«إِنَّ أَحَبَّ أَسْمَائِكُمْ إِلَى اللهِ عَبْدُ اللهِ وَعَبْدُ الرَّحْمَنِ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, укажал дека најсаканите машки имиња кај Аллах се: „Абдулах“ (Аллахов роб) и „Абдурахман“ (роб на Семилосниот).

Од придобивките на хадисот

Имамот Куртуби рекол: „На овие две имиња се надоврзуваат и слични имиња, како: Абдурахим, Абдулмелик, Абдусамед и други, затоа што сите го содржат она што му прилега на Аллах – возвишени атрибути – и она што му прилега на човекот, а тоа е покорноста и робувањето. Овие имиња ја изразуваат врската на вистинско робување кон Господарот, па затоа се одликувани со посебна чест и вредност. Некои други учени велат: Причината што во хадисот се истакнати токму овие две имиња е тоа што само тие се спомнати во Куранот со директно поврзување на „робот“ со едно од Аллаховите имиња. Возвишениот вели: „А кога Аллаховиот роб стана да Му се помоли...“ (Ел-Џин, 19) и: „А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат...“ (Ел-Фуркан, 63) Ова се потврдува и со зборовите на Аллах: Кажи: „Повикувајте: ,Аллаху!‘, или повикувајте: ,Семилосен!‘...“ (Ел-Исра, 110).

Референци

Сахих Муслим (3/ 1682) (2132).

Повеќе... (1)

فتح الباري لابن حجر (10/ 570).