Skip to content

„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“

Од Хузејфе, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол:

„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“

«لَا تَقُولُوا: مَا شَاءَ اللهُ وَشَاءَ فُلَانٌ، وَلَكِنْ قُولُوا: مَا شَاءَ اللهُ ثُمَّ شَاءَ فُلَانٌ».

Го бележат Ебу Давуд, Несаи во ,,Кубра“ и Ахмед
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување
Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил еден муслиман да каже: Така сакал Аллах и тој и тој, или: Што сакаше Аллах и тој и тој, тоа бидна; затоа што, тоа што го сака Аллах е апсолутно, и никој не може да му биде соучесник во она кое Тој го посакува и го прави. Кога ќе го употребиме сврзникот „и“ тоа значи дека спомнатиот после сврзникот е на ниво на Аллах и сме ги изедначиле. Треба да се каже: Се случи она што го сака Аллах, а потоа што посакува тој и тој, со ова присакуваното на Божјиот роб го следи она што го сакал Аллах, бидејќи кажавме „потоа“ наместо „и“, и во тој случај зборот „потоа“ означува последователност и одложување.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Забрането е да се каже: „Што сака Аллах и што сакаш ти“, и слични изрази во кои Аллах е поставен на иста ниво со некој друг, со сврзникот „и“. Ова претставува ширк во изразувањето и говорот.

Дозволено е да кажеме: „Што сака Аллах, а потоа што посакуваш ти“, и слични фрази, затоа што сврзникот овде е направен со зборот „потоа“, бидејќи така се избегнува забранетото.

Потврда на Аллаховото својство да посака, како и потврдата дека човекот исто посакува, но човековото присакување е подредено на волјата на Возвишениот Аллах.

Забрана да го ставиме на исто ниво присакувањето на човекот со она што Аллах го сака, па дури и да е само со зборови.

А доколку, тој што кажува така, верува дека волјата на човек е истоветна со волјата на Аллах, дека се еднакви во сеопфатноста и универзалноста, или да смета дека човекот има независна волја, тогаш тоа претставува голем ширк, а ако не верува вака, тогаш е мал ширк.

Референци

Сунен ел-Кубра на Несаи (9/ 361) (10755).

Сунен Ебу Давуд (7/ 334) (4980).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (38/ 299) (23265).

(38/ 364) (23339).

Повеќе... (4)

الجديد في شرح كتاب التوحيد.

لمحمد القرعاوي (ص368).

الملخص في شرح كتاب التوحيد.

لصالح الفوزان (ص329).