Skip to content

„Пратен сум со потполни моралните одлики.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Пратен сум со потполни моралните одлики.“

«إِنَّمَا بُعِثْتُ لِأُتَمِّمَ مَكَارِمَ الْأَخْلَاقِ».

Го бележат Бухари во ,,Ел Едеб Ел Муфред“, Ахмед и Бејхаки
Добар
Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Возвишениот Аллах го пратил за да ги усоврши доблестите и убавите морални одлики. Тој беше испратен како продолжение на пратениците пред него, и како надополнување на добрите особини што Арапите веќе ги поседувале – тие ја сакаа добрината, го мразеа злото, и беа народ на достоинство, дарежливост и чест. Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беше пратен за да ги исправи и надополни нивните морални недостатоци – како што беа: горделивоста со потеклото, вообразеноста, потценувањето на сиромашниот и други слични негативности.

Од придобивките на хадисот

Хадисот поттикнува на убав морал и забранаува сè што е спротивно на убавиот морал.

Истакнување на значењето на убавиот морал во исламот, како една од неговите основни вредности.

Кај незнабошците постоеле остатоци од добар морал – како дарежливоста, храброста и слични особини – а исламот дошол за да ги надополни и усоврши.

Референци

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (14/ 512) (8952).

Сунен Ел-Кубра на Бејхеки (10/ 191) (20819).

Повеќе... (2)

Ел-Едеб Ел-Муфред (ص104) (273).

عمدة القاري شرح صحيح البخاري (22/ 118).