Skip to content

„Навистина, праведните кај Аллах се на минберите (возвишените места) од светлината; покрај десната Рака од Милостивиот, а двете Негови се десни

Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Навистина, праведните кај Аллах се на минберите (возвишените места) од светлината; покрај десната Рака од Милостивиот, а двете Негови се десни. Тоа се оние кои се праведни во своите пресуди, кон нивните семејства и во она што им е дадено да управуваат.

«إِنَّ الْمُقْسِطِينَ عِنْدَ اللهِ عَلَى مَنَابِرَ مِنْ نُورٍ، عَنْ يَمِينِ الرَّحْمَنِ عَزَّ وَجَلَّ، وَكِلْتَا يَدَيْهِ يَمِينٌ، الَّذِينَ يَعْدِلُونَ فِي حُكْمِهِمْ وَأَهْلِيهِمْ وَمَا وَلُوا».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира во овој хадис дека оние кои судат праведно, според вистината, меѓу луѓето кои се под нивна ингеренција и управување како и во нивните семејства, дека таквите ќе седат на возвишени места создадени од светлина. На овој начин Аллах ќе им искаже почит на Судниот ден. Овие возвишени места (минбер) ќе бидат од десната страна на Милостивиот и Возвишениот, а и двете Негови Раце се десни.

Значење на зборовите

المقسطين: العادلين.

في حكمهم: في قضائهم.

ما وَلُوا: الذي كانت لهم عليه ولاية.

Од придобивките на хадисот

Вредност и поттик на праведност.

Праведноста генерално ги опфаќа сите положби на управување и судови помеѓу луѓето, па дури и праведноста помеѓу брачните другари, помеѓу децата и останатите.

Опис на положбата на праведните на Судниот ден.

Различни степени на верниците на Судниот ден, за секого според направените дела.

Методата на поттик е една од методите на исламското мисионерство, со која повикуваниот се поттикнува на добрина.

Референци

Сахих Муслим (3/ 1458) (1827).

Повеќе... (10)

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 547).

تطريز رياض الصالحين.

لفيصل المبارك (ص428).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (9/ 314).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 710).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (3/ 640).