Skip to content

„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“

Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“

«من اقتبَسَ علْمًا مِنَ النُّجُومِ اقْتبَسَ شُعبَة مِن السِّحرِ، زادَ ما زادَ».

Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот Пратеник во овој хадис ни објаснува дека оној кој учи од астрологијата, т.е. знаење за влијанието на ѕвездите, соѕвездијата и нивните движења врз настаните на Земјата, како на пример нечија смрт поради едно од горенаведените, нечије раѓање, болест или било која случка. Таквиот делумно научил сихр-маѓија. И колку повеќе учи астрологија, толку повеќе ја знае маѓијата.

Значење на зборовите

من اقتبسَ: من تعلّم.

شعبة: طائفة وقطعة.

Од придобивките на хадисот

Астрологија со која предвидуваме иднина, базирајќи се на положбата на ѕвездите, е забранета, бидејќи со неа тврдиме дека го знаеме гајбот-непознатото.

Забранетата астрологијата е еден вид на сихр и е спротивна на монотеизмот, а во оваа забрана не спаѓа астрономијата, со која ги следиме небесните тела заради познавањето на страните на светот, киблата или почетокот на месеците и годишните времиња. Астрономијата е дозволена.

Колку повеќе стекне знаење од забранетата астрологија, толку повеќе навлегува во делот на сихрот-маѓијата.

Ѕвездите имаат три корисни работи кои ги спомнал Аллах во Куранот: Тие се украс на небото, според нив може да се ориентираме и со нив се гаѓаат на шејтаните.

Референци

Сунен Ебу Давуд (6/ 50) (3905).

Сунен Ибн Маџе (4/ 670) (3726).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (3/ 454) (2000).

Повеќе... (4)

الجديد في شرح كتاب التوحيد.

للقرعاوي (ص230).

الملخص في شرح كتاب التوحيد.

للفوزان (ص206).