Skip to content

„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“

«يَأْتِي الشَّيْطَانُ أَحَدَكُمْ فَيَقُولُ: مَنْ خَلَقَ كَذَا؟ مَنْ خَلَقَ كَذَا؟ حَتَّى يَقُولَ: مَنْ خَلَقَ رَبَّكَ؟ فَإِذَا بَلَغَهُ فَلْيَسْتَعِذْ بِاللهِ وَلْيَنْتَهِ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува за ефикасниот лек против сомнежите кои шејтанот му ги дошепнува на верникот: Па шејтанот вели: „Кој го создаде ова? Кој го создаде она? Кој ги создаде небото и Земјата?“ Па верникот одговара со својата вера, фитра и разум: „Аллах.“ Но, шејтанот не застанува тука со своите дошепнувања, туку продолжува додека не праша: „А кој го создаде твојот Господар?“ Во тој момент, верникот треба да ги одбие овие дошепнувања на три начини: Со иманот во Аллах. Со барањето на заштита од Аллах од проклетиот шејтан. Со прекинувањето на размислувањето за тие дошепнувања.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Избегнувањето на шејтанските дошепнувања и не размислувањето за нив, како и прибегнувањето кон Аллах за да ги отстрани.

Сè што допира до човечкото срце, како дошепнување кое е спротивно на шеријатот, е од шејтанот.

Забрането е да се размислува за Аллаховото битие, додека пак се препорачува размислување за Неговите созданија и знаци.

Референци

Сахих Ел-Бухари (4/ 123) (3276).

Сахих Муслим (1/ 120) (134).

Повеќе... (5)

إكمال المعلم (1/432).

المفهم (1/345).

فتح الباري (6/ 340).

طرح التثريب (8/163).

بهجة قلوب الأبرار (ص 27).