Прекинување на постот во ден од месецот Рамазан без оправдана причина
- الموضوعات
- الصيامإفطار يوم من رمضان بغير عذر
نص الموضوع
Возвишениот Аллах го пропишал постот во месецот Рамазан за верниците, и вели:
„О, верници! Ви се пропишува пост, како што им е пропишан и на тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“
(Ел Бекаре, 264)
Постот во месецот рамазан е еден од столбовите на исламот. Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Исламот се темели врз пет (столба): Сведоштвото дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник, клањањето намаз, давањето зекат, аџилакот и постот во месецот рамазан.“ [174]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
Оној кој намерно ќе го прекине постот во месецот рамазан, или во еден ден од него, без оправдана причина, тој Му се спротивставил на Севишниот Аллах, прекршил еден од столбовите на верата и направил еден од големите гревови.
Хафизот Зехеби, Аллах нека му се смилува, рекол:
„Кај верниците е познато и утврдено дека оној кој го остава постот во месецот Рамазан без болест или оправдана причина е полош од блудникот, неправедниот прибирач на данок и пијаницата; дури се сомневаат во неговиот ислам и го сметаат за склон кон ерес и девијација.“ [175]
[175] Види: Фејд ел-Кадир, 4/311.
Докази:
Доказите за забраната за прекинување на рамазанскиот пост без оправдана причина, како и за одвратноста и големината на тој грев, се многубројни, меѓу нив се и следниве:
Ебу Умаме, радијаллаху анху, пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Додека спиев, ми пријдоа двајца мажи и ме поведоа со себе. Таму видов група луѓе, обесени за петиците. Аглите на устите им беа расцепени и од нив течеше крв. Прашав: ,Кои се овие луѓе?‘ Тој одговори: ,Тоа се оние што го прекинуваат својот пост пред пропишаното време.‘“ [176]
[176] Го бележи Несаи во делото Ел-Кубра под бр. (3273) скратено.
Пренесени се и неколку преданија дека асхабите, радијаллаху анхум, ги казнувале оние кои без оправдана причина го прекинувале постот во Рамазан. Меѓу нив е и преданието од Омер бин ел-Хатаб, радијаллаху анху, дека му донеле еден старец кој пиел алкохол во Рамазан, па тој рекол:
„За ноздрите! За ноздрите! – а тоа е звук кој излегува од ноздрите на магарето – и нашите деца постат – што значи, нашите најмали постат, а ти не постиш –, потоа го казни со осумдесет удари, и го протера во Шам.“
Од Али бин ебу Талиб, радијаллаху анху, се пренесува, дека му донеле човек кој пиел алкохол во Рамазан, па го удрил со осумдесет удари, а потоа следниот ден со дваесет, и рекол:
„Те удривме дваесет пати поради твојата дрскост кон Аллах и твоето прекршување на постот во Рамазан.“
Али бин ебу Талиб, радијаллаху анху, исто така, раскажува:
„Кој намерно ќе го прекине постот во еден ден од месецот Рамазан, нема да го надомести тој ден дури и да пости до крајот на неговиот живот.“
- Ибн Месуд, радијаллаху анху, пренесува:
„Кој ќе го прекине постот во еден ден од месецот Рамазан без оправдана причина, постот на целиот живот нема да му биде доволен како надомест, дури и да го пости целиот.“ [177]
[177] Ел-Мухала на Ибн Хазм, (4/311).
Штетни последици:
Непостењето во месецот Рамазан без оправдана причина содржи бројни штети, меѓу кои се:
- Оставање на еден столб од столбовите на исламот.
- Потценување на Аллаховите наредби.
- Дрскоста во спротивставувањето на наредбата на Возвишениот Аллах и омрсувањето пред луѓето, а тоа е причина таквиот да не ја заслужи прошката од Возвишениот Аллах. Не може да се знае дека се омрсил оној кој е дрзок кон Аллах, освен ако тој самиот не го обелодени тоа со зборови или со дела. Се пренесува од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот).“ [178]
- Поттикнување на другите да го шират овој грев, а Аллах за тоа се заканил со казна. Возвишениот вели:
„Тие што сакаат за верниците да се шират бесрамни гласини, ги чека тешка казна и на овој и на оној свет, Аллах знае сè, а вие не знаете.“
(Ен Нур, 2)
Заштита:
Начини на заштита од прекинување на постот во месецот Рамазан без оправдана причина:
- Навикнување на пост од мали нозе. Рубејји‘ бинт Муавиз, радијаллаху анха, раскажува:
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, наутро на денот Ашура, испрати гласник во селата на енсариите да објави: ,Кој го започнал денот не постејќи, нека го пости остатокот од денот, а кој го започнал денот постејќи, нека продолжи да пости.“ Таа продолжува: ,,Потоа, ние го постевме тој ден и ги навикнувавме нашите деца да постат. Им правевме играчки од волна, па кога некое од нив ќе заплачеше за храна, му ја дававме за да се занимава сè до времето на ифтарот.“ [179]
- Воспитување на душата на трпение. Од Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„А кој се труди да биде трпелив, Аллах ќе го направи трпелив.“ [180]
– Поттикнување на душата со надеж во големата награда што ја има кај Аллах за постот. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Возвишениот Аллах вели: ,Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него.‘“ [181]
Сехл бин Сад, радијаллаху анху, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата. Ќе се повика: ,Каде се постачите?‘ – и тие ќе станат и ќе влезат. Кога ќе влезат, вратата ќе се затвори и никој друг нема да може да влезе преку неа.“ [182]