Skip to content

Прекинувањето на роднинските врски

نص الموضوع

Прекинувањето на роднинските врски, нанесувањето неправда на роднините или избегнувањето на исполнувањето на нивните права е особина на губитниците кои го кинат она што Аллах наредил да се одржува. Тоа, всушност, е злосторство и еден од големите гревови, а такво дело го прави само оној чие срце станало тврдо (грубо), чии човечки доблести ослабнале и кој го изгубил чувството за одговорност.

Роднините се блиските од страна на таткото и од страна на мајката. Прекинувањето на роднинските врски се пројавува преку нивно занемарување, избегнување на можните посети, неучествување во нивните радости и неутешување во нивните таги. Тоа, исто така, се покажува и со давање предност на другите пред нив во посебните поврзувања и дарувања, во кои тие имаат поголемо право од останатите.

Докази:

Доказите за забраната за прекинување на роднинските врски се многубројни, меѓу кои:

Возвишениот Аллах вели:

„Можеби и вие, кога би се одметнале, неред на Земјата би правеле и роднинските врски би ги кинеле!

Тоа се тие коишто Аллах ги проколнал и глуви и слепи ги направил.“

(Мухамед, 19)

Возвишениот исто така вели:

„А тие што не ги исполнуваат должностите кон Аллах, иако за тоа цврсто се обврзале, и го кршат тоа што Аллах наредил да се одржува, и прават неред на Земјата – нив ги чека проклетството и најлошото живеалиште.“

(Ер Рад, 25)

„,...и го кршат тоа што Аллах наредил да се одржува...“

односно: ги прекинуваат роднинските врски кои Аллах им наредил да ги одржуваат. [129]

[109] Тефсир Ет-Табери, (6/625).

  • Од Џубејр, радијаллаху анху, се пренесува, дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како кажува:

„Нема да влезе во Џенет оној кој ги кине роднинските врски.“ [4]

[3] Го бележи Муслим, бр. (233).

Односно, оној што ги прекинува роднинските врски.

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Аллах ги создал суштествата, и кога завршил со нив, станала роднинската врска пред Сèмилосниот. Тој рекол: ,Што е?’. Таа рекла: ,Ова е местото на оној кој бара заштита кај Тебе од прекинување на врските!’. Тој рекол: „Зарем не си задоволна што Јас ќе одржувам врските со оној што ќе те чува, и ќе ги прекинам врските со оној што ќе те прекине?’. Таа одговорила: ,Да, Господару мој!’. Тој рекол: ,Тогаш нека ти биде.’“ Ебу Хурејре рекол: Прочитајте, ако сакате: „Можеби и вие, кога би се одметнале, неред на Земјата би правеле и роднинските врски би ги кинеле!“

[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).

Од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Роднинската врска е прикачена за Аршот и вели: ,Кој ќе ме одржува, Аллах ќе го одржува него; а кој ќе ме прекине, Аллах ќе го прекине него.‘“ [132]

Штетни последици:

Меѓу штетните последици и казните за овој голем грев спаѓаат:

  • Оној кој ги прекинува роднинските врски е проколнат во Книгата на Возвишениот Аллах, како што беше наведено во претходните ајети.
  • Аллах одредил дека една од особините на грешниците-губитници е прекинувањето на врските кои Тој наредил да се одржуваат, како што се роднинските врски. Возвишениот Аллах вели:

„Тие што го прекршуваат заветот кон Аллах откако е даден, го прекинуваат тоа што Аллах го наредил да се одржува и прават неред на Земјата. Тие се губитници!“

(Ел Бекаре, 264)

  • На оној што ги прекинува роднинските врски му се забрзува казната на овој свет, покрај она што му е оставено од казната за на Ахиретот. Од Ебу Бекре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал:

„Нема грев кој повеќе заслужува Аллах да му ја забрза казната на сторителот на дуњалукот – покрај она што му го чува за на Ахирет – од насилството и прекинувањето на роднинските врски.“ [133]

[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).

  • Една од најголемите казни со кои се казнува оној што ги кине роднинските врски е тоа што му се забранува влезот во Џенет. Од Џубејр бин Мут‘им, радијаллаху анху, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
  • На оној што ги прекинува роднинските врски не му се воздигнува делото, ниту Аллах го прифаќа доброто дело од него. Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Делата на Адемовите синови (луѓето) Му се прикажуваат на Возвишениот Аллах секој четврток навечер, во ноќта спроти петок, и не се прифаќа делото на оној што ги прекинува роднинските врски.“ [135]

[19] Го бележи Ахмед, бр. (17634).

Заштита:

Начините за заштита од опасностите на овој голем грев се:

  • Муслиманот да се потсети на вредноста на одржувањето на роднинските врски, што ќе го поттикне да ги одржува, а за тоа сведочи и преданието од Енес бин Малик, радијаллаху анху, кој пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Кого го радува да има изобилно снабдување, или да му се продолжи животот (т.е. да му се зголеми животниот век), нека ги одржува роднинските врски.“ [136]

  • Возвраќање на злото со добрина, и спојување на прекинатите врски. Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Вистинскиот одржувач на роднинските врски не е оној што само возвраќа, туку оној кој ги одржува врските дури и кога тие се прекинати.“ [137]

[8] Го бележи Бухари, бр. (5885).

  • Прифаќањето на извинувањата и преминувањето преку лошите дела се одлики на пејгамберите и пратениците, Божјиот мир и спас нека е врз нив. Најубав пример за тоа е Јусуф, алејхис-селам, кој и покрај сè што му направиле неговите браќа, им простил и преминал преку нивната постапка за да ги зачува братските врски меѓу нив.
  • Дарежливост кон роднините – лично жртвувајќи ја неговата положба и со својот имот – без очекување возврат од нив; воздржување од приговарање за направените добрини и од оптоварување со она што не можат да го поднесат; скромност и убаво однесување кон нив; трпеливост и возвишеност над нивните грешки и пропусти; да имаме убаво мислење за нив и да се воздржуваме од прекумерно прекорување и замерување.
  • Стремеж за собирање на роднините: нивно поканување на прилики и гозби, нивно посетување и комуницирање со нив преку телефон.
  • Навикнување и воспитување на децата за важноста на одржувањето на роднинските врски, за да се поведат по тој пример и да го применуваат кога ќе пораснат.
  • Решавање на семејните проблеми преку советување и благост, особено во однос на прашањата поврзани со наследството.
  • Избегнување на извештаченост со блиските роднини, која води до кинење на врските.