Skip to content

نص الموضوع

Непослушноста кон родителите е еден од најголемите гревови и спаѓа меѓу најтешките после придружувањето здруженик на Возвишениот Аллах. Поради тоа, Аллах го поврзал Неговото право со правото на родителите во повеќе ајети, меѓу кои се и зборовите на Возвишениот Аллах:

„И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите правете им добро.“

(Ен Ниса, 31)

Возвишениот исто така вели:

„Ние му наредивме на човекот да им биде послушен на родителите свои. Мајката го носи, а нејзиното здравје трпи, и го дои во текот на две години. Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат.“

(Лукман, 13)

Вистинското значење на непослушноста кон родителите е сето она што произлегува од човекот и им нанесува штета на родителите, било преку зборови или дела, или преку запоставување на добрината и грижата кон нив.

Во тоа спаѓа и непослушноста кон нив во она што го наредуваат, освен ако наредат ширк или грев кон Возвишениот Аллах, а во тие два случаи не им се покорува; бидејќи нема послушност кон созданието во непослушност кон Создателот, а кон нив и понатаму треба да се постапува со благост и добрина. Возвишениот вели:

„А ако те наговараат Мене друг да Ми припишуваш за рамен, за кој ти ништо не знаеш, ти не слушај ги и кон нив, на овој свет, примерно однесувај се.“

Каб ел-Ахбар, Аллах нека му се смилува, бил запрашан што е непослушност кон родителите, па одговорил:

„Тој е оној кој, кога татко му или мајка му ќе го заколнат, не ја исполнува нивната заклетва; кога ќе му наредат нешто, не им се покорува; кога ќе побараат нешто од него, не им дава; и кога ќе му доверат нешто, ја изневерува нивната доверба.“ [116]

[64] Ел Кебаир, стр. 20.

Докази:

Доказите за забраната на непослушноста кон родителите, како и за сериозноста и големината на овој грев, се многубројни, меѓу нив се:

Зборовите на Возвишениот:

„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: ,Уф!' – и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит!

Биди внимателен и покорен кон нив, и кажи: ,Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!‘“

(Ел Исра, 32)

Ебу Бекре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?“, рековме: „Секако, о Аллахов пратенику.“ Рече: „Да сметаш дека некој му е рамен на Аллах, непослушноста кон родителите и лажното сведоштво, или лажниот говор.“ [117]

[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).

Енес, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил запрашан за големите гревови, па рекол:

„Многубоштвото (ширкот), непослушноста кон родителите, бесправното убиство и лажното сведочење.“ [118]

Мугире бин Шубе, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Навистина, Аллах ви забрани непослушност кон мајките...“ [119]

Штетни последици:

Непочитувањето на родителите има многубројни штетни последици, меѓу кои се:

  • Непочитувањето на родителите е една од причините робот да биде лишен од Божјиот поглед (на сомилост) на Судниот ден, како и од влезот во Џенетот. Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Кон тројца Аллах нема да погледне на Судниот ден: тој што не е послушен на родителите, жената што ги имитира мажите, и „дејузот-тој што не се грижи за неморалот во неговото семејство“, и тројца нема да влезат во Џенетот: тој што не е послушен на родителите, хроничниот алкохоличар, и тој што приговара за она што го дал.“ [120]

[120] Го бележи Несаи, бр. (2562).

  • Непослушниот е неблагодарен на благодатите од Возвишениот Аллах и за добрината на своите родители. Возвишениот вели:

„Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат.“

  • Непослушноста кон родителите е една од причините за гневот на Возвишениот Аллах. Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол:

„Задоволството на Господарот е во задоволството на родителот, и негодувањето на Господарот е во негодувањето на родителот.“ [121]

[81] Го бележи Бухари во Ел Едеб Ел Муфред бр. (103).

  • Непослушноста предизвикува нестабилност во семејството, а со тоа и во целото општество, бидејќи оној кој не е доброчинител кон своите родители, нема да добие доброчинство од своите деца, ниту пак самиот ќе биде доброчинител кон своите соседи и општеството.

Заштита:

Начини на заштита од гревот на непослушноста кон родителите:

  • Да се избегнува вознемирување па дури и најмало на родителите. Возвишениот Аллах вели:

„не вели им ни: ,Уф!‘“

Ова е најблагиот облик на вознемирување, со кој се укажува и на сè што е потешко од тоа, а значењето е: да не им се нанесе ни најмало вознемирување.

„и не кревај го гласот свој кон нив“

Т.е. не ги укорувај и не им зборувај грубо,

„и обраќај им се со зборови полни со почит“

Со изрази кои тие ги сакаат, со почит и благонаклоност, со нежен и убав говор кој е благопријатен за нивните срца и ги смирува нивните души, а тоа се разликува во зависност од околностите, обичаите и времињата. [122]

[112] Тефсир Ес-Са‘ди, стр. 148.

  • Спознанието дека родителите се најзаслужни луѓе за убав однос и благо постапување. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол:

„Некој човек дошол кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и го прашал: ,О, Аллахов пратенику, кој од луѓето најмногу заслужува добро однесување кон него?' Тој одговорил: ,Твојата мајка. Човекот прашал: ,А потоа кој?' Пратеникот повторно рекол: ,Твојата мајка.' Човекот повторно прашал: ,А потоа кој?' Пратеникот повторно рекол: ,Твојата мајка.' Човекот прашал: ,А потоа кој?' Пратеникот одговорил: ,Потоа твојот татко.‘“ [123]

  • Да знае дека, колку и да им прави добрина на своите родители, тој не им го исполнил нивното право, и дека нивното право е поголемо од сета негова добрина. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Детето не може да му се оддолжи на родителот, освен ако го најде како роб, па да го купи и да го ослободи.“ [124]

[3] Го бележи Муслим, бр. (233).

Односно: Детето не може да го исполни правото на својот родител, ниту да го награди за неговата добрина, освен ако го затекне како роб и го ослободи.

Ибн Омер, радијаллаху анхума, видел еден човек како ја носи својата мајка на грб додека правел таваф околу Каба. Човекот го прашал: „О, Ибн Омер, дали мислиш дека ѝ се оддолжив?“ Тој одговорил: „Не, ниту за една нејзина болка при породувањето. Но, сепак, си направил добро дело, а Аллах за малку наградува многу.“ [125]

[125] Види: Ел Кебаир, 42.

  • Борбата со сопствената душа за да се задоволат родителите, а тоа е вид на џихад на Аллаховиот пат. Од Абдулах бин Амр, радијаллаху анху, се пренесува дека

еден човек дошол кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, барајќи дозвола за џихад. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го прашал: „Дали ти се живи родителите?“ Човекот одговорил: „Да.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тогаш му рече: „Твојот џихад е да им служиш ним.“ [126]

  • Да се избегнува пцуењето на родителите на оној со кој се расправа, за да не се предизвика противникот да ги опцуе неговите родители, за што Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Еден од најголемите гревови е човек да ги проколнува своите родители.“ Го прашале: „О, Аллахов пратенику, а како човек ги проколнува своите родители?“ Тој одговорил: „Човек го пцуе таткото на друг човек, па тој му го пцуе неговиот татко, и ја пцуе неговата мајка, па тој му ја пцуе неговата мајка.“ [127]

  • Грижа да не се натажат родителите. Од Абдулах бин Амр, радијаллаху анху, се пренесува дека

еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Дојдов да ти дадам заклетва за хиџрет, а моите родители ги оставив расплакани.“ Пратеникот му рече: „Врати се кај нив и насмеј ги, како што ги расплака.“ [128]

[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).

  • Подучување на децата уште од мали на почитување и добрина кон родителите.