نص الموضوع
Алкохолот е едно од злата што Шеријатот ги забранил, и го проколнал секој оној кој го употребува или учествува во неговото производство, продавање, носење, точење или на друг начин. Консумирањето алкохол спаѓа меѓу големите гревови кои го изложуваат сторителот на строга закана на идниот свет, покрај лошите последици што го снаоѓаат на овој свет.
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека распространетоста на пиењето алкохол е еден од предзнаците на Судниот ден. Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се зацврсти, ќе се пие алкохол и ќе се прошири блудот.“ [76]
[76] Бухари, бр. (80), и Муслим, бр. (2671).
Под прописот за алкохол спаѓа сè што опива и го заматува разумот, како што се сите видови дроги и хашиш. Сите тие се забранети и не е дозволена нивната употреба. Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Секое опојно средство е алкохол и секое опојно средство е харам. Кој ќе пие алкохол на овој свет и умре зависен од него, без да се покае, нема да го пие на идниот свет.“ [96]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
Докази:
Многубројни се доказите за забраната на консумирање алкохол, кои ја појаснуваат неговата грдост и големината на тој грев, од нив се:
Возвишениот Аллах вели:
„О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате.
Шејтанот сака со помош на виното и коцката меѓу вас да внесе непријателство и омраза, и да ве одврати од сеќавање на Аллах и од извршување на намазот (молитвата). Па, ќе престанете ли?“
(Ел Маиде, 38)
Енес бин Малик, радијаллаху анху, раскажува:
„Бев тој што им точеше пијалак на луѓето во куќата на Ебу Талха, на денот кога беше забранет алкохолот. Тогаш се слушна гласник, па Ебу Талха ми рече: ,Излези и види.’ Излегов и, ете, гласникот повикуваше: ,Знајте дека алкохолот е забранет!’ Тогаш Ебу Талха ми рече: ,Излези и истури го!’ Го истурив, и тој потече по улиците на Медина.“ [97]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Човекот кој прави блуд, не е верник додека го прави; и човекот кој пие алкохол, не е верник додека го пие.“ [98]
Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллах го проколнал алкохолот, оној што го пие, оној што го точи, оној што го продава, оној што го купува, оној што го цеди, оној што бара да се цеди, оној што го носи и оној кому му се носи.“ [99]
[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).
Од Ебу Дерда, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Мојот близок пријател, салаллаху алејхи ве селем, ме посоветува:
,Не пиј алкохол, затоа што тој е клучот на секое зло.‘“ [100]
[74] Го бележи Ибн Маџе, бр. (4019).
Ебу Дерда, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема да влезе во Џенет зависник од алкохол.“ [101]
Штетни последици:
Казните и опасностите што произлегуваат од тој голем грев се следниве:
- Кој пие алкохол, нема да му се прими намазот четириесет дена, бидејќи е пренесено од Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе пие алкохол, нема да му се прими намазот четириесет дена. Ако се покае, Аллах ќе го прими неговото покајание. А ако повтори, Аллах нема да му го прими намазот четириесет дена. Ако се покае, Аллах ќе го прими неговото покајание. А ако повторно го направи, Аллах нема да му го прими намазот четириесет дена. Ако се покае, Аллах ќе го прими неговото покајание. Но, ако го повтори по четврти пат, Аллах нема да му го прими намазот четириесет дена, а дури и ако се покае, Аллах нема да го прими неговото покајание и ќе го напои од реката Ел-Хабал.“ Го прашале: „О, Ебу Абдурахман, што е тоа реката Ел-Хабал?“ Тој одговорил: „Река од гнојот на џехенемлиите.“ [102]
[28] Тирмизи, бр. (2140).
На оној кој ќе умре пиејќи алкохол, а не се покајал од тоа, ќе му биде забранет (алкохолот) на Ахирет. Абдулах ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе пие алкохол на овој свет, а не се покае од тоа, ќе му биде забранет на идниот свет.“ [103]
- Алкохолот предизвикува непријателство и омраза меѓу муслиманите и руши многу семејства, бидејќи голем број разводи и поделби меѓу децата се резултат на зависноста од пиењето алкохол. Оној што пие и го губи разумот станува несвесен и е способен да изврши тешки гревови од кои телото се ежи. Алкохолот е мајка на сите зла и клуч на секое зло.
- Алкохолот го троши имотот на оној што го консумира во нешто што му штети, а не му користи. Човекот ќе биде прашан за својот имот: како го стекнал и во што го потрошил. Од Ебу Берзе ел-Еслеми, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“ [104]
- Алкохолот ги зголемува грижите и ги усложнува проблемите, а не како што велат безделниците – дека носи радост и задоволство. А дури и да е така, тоа е лажна и нереална радост, лажно задоволство кое брзо исчезнува, а по него следуваат каење, жалење и долготрајна мака и тага.
- Консумирањето на опојни средства доведува до многубројни физички и духовни нарушувања, а доволна штета е тоа што го одзема разумот, со кој Возвишениот Аллах го почестил човекот.
Заштита:
Начини на заштита од неговото консумирање и зависност:
- Почитување на Аллаховата наредба и забрана, и брзо покорување на наредбата и избегнување на забраната. Затоа што, кога човекот е уверен во совршената милост и мудрост на Аллах во сè што создал и одредил, како и во сè што наредил и забранил, тој е задоволен со сите учења и прописи на својот Господар, ги прифаќа со задоволство и брза да ги спроведе без да чувствува нелагодност или тежина.
- Свесноста дека употребата на опојни средства резултира со лоши последици, срамни постапки, понижување, омаловажување, срам и каење.
- Волјата и упорноста за промена бараат цврста одлука и вложување на максимален труд.
- Да се избегнува лошото друштво и да се дружи со добрите и праведните, и од нив ќе се најде голема помош, со Аллахова дозвола.
- Постојат одредени медицински третмани кои помагаат во лекувањето на зависност од алкохол и дроги, па од нив може да се има корист преку посетување на лекари и специјализирани центри.