نص الموضوع
Кражбата е голем грев кој ја нарушува чесноста на човекот и неговата вера. Возвишениот Аллах за неа ја пропишал казната, а тоа е отсекување на раката кога ќе се исполнат нејзините услови. Тој го негирал иманот на сторителот во моментот кога го врши овој голем грев и пропишал проклетство врз него.
Постојат и други видови поврзани со кражбата, иако прописот за нив е различен, како што се проневера, грабеж и крадењето од џепови. Секое од овие грозни дела си има свој пропис и казна.
Докази:
Доказите за забраната, грдоста и големината на гревот на кражбата се многубројни, меѓу нив се:
Зборовите на Возвишениот:
„На крадецот и на крадачката отсечете им ги рацете нивни, тоа нека им биде казна за тоа што го сториле и опомена од Аллах! А Аллах е Силниот и Мудриот!“
(Ел Маиде, 38)
Ибн Шихаб Ез-Зухри рекол:
„Аллах го пропишал отсекувањето на раката како опомена за оние што го крадат имотот на луѓето. Аллах е Силен во Своето казнување на крадецот и Мудар во Својата одредба за пропишување на тоа отсекување.“ [88]
[64] Ел Кебаир, стр. 20.
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Човекот кој прави блуд, не е верник додека го прави; човекот кој краде, не е верник додека краде.“ [89]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
„Аллах го проколнал крадецот, кој ќе украде јајце – па ќе му се отсече раката или ќе украде јаже – па ќе му се отсече раката.“ [90]
Исто така и Аиша, радијаллаху анха, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Раката се отсекува за кражба во вредност од четвртина динар или повеќе.“ [91]
Од Урве бин Зубејр се пренесува дека една жена извршила кражба во времето на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, за време на освојувањето на Мека. Нејзиниот народ се обратил кај Усама бин Зејд, барајќи од него да се заземе за неа. Урве рекол: „Кога Усама разговарал со него за неа, лицето на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја променило бојата и тој рекол:
„Зарем се заземаш кај мене за една од Аллаховите казни?“ Усама рекол: „Побарај прошка за мене, о Божји пратенику!“ Кога дошла вечерта, Божјиот пратеник станал да одржи говор. Го пофалил Аллах онака како што Му доликува, а потоа рекол: „А потоа велам, народите пред вас ги уништило тоа што, кога некој угледен меѓу нив ќе украдел, го оставале на мира, а кога некој слаб ќе украдел, над него ја спроведувале казната. Се колнам во Оној во Чија Рака е душата на Мухамед, доколку Фатима, ќерката на Мухамед, украде, ќе ѝ ја отсечам раката!“ Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредил на таа жена па ѝ била отсечена раката. Потоа, таа искрено се покајала и се омажила. Аиша, радијаллаху анха, рекла: „Таа доаѓаше и потоа, а јас му ја пренесував нејзината потреба на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ [92]
Оваа строга казна – отсекувањето на раката – е пропишана поради посегнување по туѓ имот. Таа претставува казна што одвраќа и служи како поука за секој што ќе помисли да го украде имотот на луѓето. Воедно, таа е прочистување за крадецот од неговиот грев, воспоставување на сигурност и спокојство во општеството и заштита на имотот на луѓето.
Штетни последици:
Кражбата предизвикува тешки последици, меѓу кои:
- Кражбата е во спротивност со потполниот иман, поради претходно наведениот хадис: „...Човекот кој краде, не е верник додека краде.“
- Крадецот го чека казна на Ахиретот, доколку не се покае, покрај срамот со кој се соочува на дуњалукот.
- Кражбата е причина за отсекување на раката на крадецот.
- Крадецот е лишен од услишување на довата. Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалак е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде одговорено?“ [93]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
- Таа (кражбата) е доказ за подлоста на душата и нискоста на карактерот.
- Луѓето не му веруваат на крадецот за ништо, дури и кога станува збор за нешто безвредно.
Заштита:
Начини на заштита од кражбата:
- Спроведувањето на пропишаната казна со отсекување на раката на крадецот е еден од најмоќните начини за сузбивање на кражбата во општеството.
- Поттикнување на чување на довереното и предупредување од изневерување преку кражба и слично.
- Потсетување на бериќетот од халал нафаката врз целото семејство, и на злото на кражбата и нејзиното влијание врз целото семејство.
- Воспитување на децата да бидат чесни и да не посегнуваат по правата и имотот на другите, обезбедување на основните потреби на детето за да не го наведе шејтанот на кражба, и негово оддалечување од лошото друштво кое му ги разубавува таквите постапки.
- Задоволување со халал наспроти харам во поглед на ризкот (снабдувањето) и неговите извори, и вложување труд во тоа, и упатување дова на Севишниот Аллах. А дел од тоа е и она што се пренесува во хадисот од Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем:
„О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите други освен од Тебе.“ [94]
[28] Тирмизи, бр. (2140).