نص الموضوع
Блудот е голем грев кој укажува на неисправност на верата и моралот, а неговата штета се префрла и на народите и општествата, предизвикувајќи слабост, распад и пропаст.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека бројноста и ширењето на прељубата е еден од предзнаците на Судниот ден. Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се зацврсти, ќе се пие алкохол и ќе се прошири блудот.“ [76]
[76] Бухари, бр. (80), и Муслим, бр. (2671).
Докази:
Доказите за забраната на блудот, како и за неговата грозност и големината на тој грев се многубројни. Некои од нив се:
Возвишениот Аллах вели:
„И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа!“
(Ел Исра, 32)
Ајет:
„Блудникот и блудничката искамшикувајте ги со сто удари, секој од нив, и при извршувањето на Аллаховите прописи нека не ве обзема никакво сожалување кон нив, ако верувате во Аллах и во оној свет, и при нивното казнување нека присуствува една група верници!“
(Ен Нур, 2)
Возвишениот исто така вели:
„И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната,
страдањето на оној свет двојно ќе му биде, и во него вечно понижен ќе остане,
освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е.“
(Ел Фуркан, 68-70)
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Човекот кој прави блуд, не е верник додека го прави.“ [77]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол:
„Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,Да му припишеш здруженик на Аллах, а Тој те создал‘, реков: ,Навистина е голем грев.‘, и додадов: ,А кој е најголемиот грев после него?‘ Тој рече: ,Да го убиеш своето чедо, плашејќи се од сиромаштија.‘ Пак прашав: ,А по него?‘, а тој одговори: ,Да направиш блуд со жената на соседот.‘“ [78]
Убаде бин Самит, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Примете го ова од мене, примете го ова од мене: за неженет со немажена – сто удари и прогонство од една година, а за оженет со омажена – сто удари и каменување.“ [79]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
Блудот во целост е харам-забранет и спаѓа во категоријата на големи гревови, но некои видови на блуд се потешки и поомразени кај Аллах од другите. Во најтешките и најомразените видови на блуд спаѓаат:
- Блуд со блиски роднини. Ел-Бера бин Азиб, радијаллаху анху, раскажува:
„Го сретнав чичко ми, кој носеше знаме, па го прашав: ,Каде одиш?‘ Тој одговори: ,Ме испрати Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кај еден човек кој се оженил со жената на својот татко, па ми нареди да го погубам и да му го земам имотот.‘“ [80]
[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).
- Прељуба со сопругата на соседот: Од Ел-Микдад бин Ел-Есвед, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол:
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги прашал своите другари за блудот. Тие одговориле: „Забранет е. Алах и Неговиот пратеник го забраниле.“ Тогаш тој рекол: „Помал грев е за човекот да изврши блуд со десет жени, отколку да изврши блуд со сопругата на својот сосед.“ [81]
[81] Го бележи Бухари во Ел Едеб Ел Муфред бр. (103).
- Блуд со жените на муџахидите. Пренесува Сулејман бин Бурејде, од неговиот татко, радијаллаху анху, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Честа на жените на муџахидините за оние кои остануваат е како честа на нивните мајки. И нема маж од оние кои остануваат, кој ќе се грижи за семејството на некој муџахид, па ќе го изневери, а на Судниот ден да не застане пред него и да земе од неговите дела колку што ќе посака. Па, што мислите тогаш?“ [82]
- Блудот на старите лица. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Со тројца Аллах нема да зборува на Судниот ден, нема да ги исчисти нуту ќе ги погледне и ќе бидат казнети со болна казна: старец блудник, владетел кој лаже и вообразен сиромав.“ [83]
Штетни последици:
Блудот има многу штетни последици:
- Иманот се издигнува над робот во моментот кога прави блуд, па кога ќе се покае, му се враќа. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога човекот прави блуд, иманот излегува од него и стои над него како облак, па кога ќе престане, иманот му се враќа.“ [84]
- Блудот е причина за Аллаховиот гнев, лутина и казна.
- Повлекува шеријатска казна на овој свет: каменување до смрт ако сторителот е оженет, или сто удари со камшик ако е неженет.
- Блудот доведува до мешање на родословието, до распаѓање на семејствата, појава на непријателство меѓу нив и до пропаст на општеството.
- Појавувањето на болести кои не беа познати порано, како што е сидата.
- Со блудот го снемува срамот и доверливоста.
Заштита:
Начини на заштита од блудот:
- Бракот е еден од најефикасните начини за заштита од блуд, па кој не може да се ожени, нека пости. Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него.“ [85]
- Чување на органите и спуштање на погледот, како што Возвишениот вели:
„Кажи им на верниците нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои; тоа им е најморално, затоа што Аллах навистина го знае тоа што го прават.
А кажи им на верничките нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои.“
„Аллах му го одредил на синот Адемов неговиот удел од блудот, кој тој неминовно ќе го достигне: блудот на окото е гледањето, а блудот на јазикот е говорот, душата посакува и копнее, а половиот орган го потврдува тоа или го негира/отфрла.“ [86]
- Забрана за осамување со туѓа жена. Ибн Абас, радијаллаху анхума, пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Нека не се осамува маж со жена освен ако со неа не е присутен нејзин старател (махрем).“ [87]
- Придржувањето на муслиманката кон хиџабот кој Возвишениот Аллах го наредил во поглавјата Ен-Нур и Ел-Ахзаб, и избегнување на разоткривањето кое Шеријатот го забранил.
- Забрана за посетување на порнографски страници, или комуникација со лошо друштво од мажи и жени.
- Поттикнување на покајание со неговите три услови (престанок со блудот, каење за направеното и цврста одлука да не му се врати повторно), Возвишениот Аллах, опишувајќи ги робовите на Семилосниот, вели:
„И кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната,