Skip to content

نص الموضوع

Намазот е на висока положба во исламот, тој е столб на верата и е првиот ибадет по двата шехадета (двете сведоштва). Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Исламот се темели врз пет (столба): Сведоштвото дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник, клањањето намаз, давањето зекат, аџилакот и постот во месецот рамазан.“[55]

[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).

Оставањето на намазот се смета за еден од најголемите гревови, а за оној што го остава постои страв дека може да стане неверник. Џабир, радијалаху анху, пренесува дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“ [56]

[3] Го бележи Муслим, бр. (233).

Докази:

Доказите за забраната на оставањето на намазот и за појаснувањето на неговата грдост и големината на тој грев се многубројни, меѓу нив се:

Зборовите на Возвишениот Аллах:

„Нив ги сменија поколенија, кои намазот (молитвата) го напуштија и по страстите тргнаа; тие пропаста ќе ја сретнат.“

(Мерјем, 59)

Односно: ќе ги снајде тешка и удвоена казна, а муфесирите спомнуваат дека запоставувањето на намазот е или со негово целосно оставање, или со негово одложување надвор од пропишаното време. [57]

[57] Види: Тефсир на Ибн Кесир, 5/243.

Возвишениот исто така вели:

„Што ве доведе во Секар?“

„Не бевме“ – ќе речат – „од тие што клањаа“

(Ел Мудесир, 42-43)

Оставањето на намазот е една од причините за влегување во Џехенемот, Аллах нека нè заштити од него.

Тој на друго место во Куранот, вели:

„А тешко на тие што, кога намазот (молитвата) го извршуваат,

намазот свој како што треба не го извршуваат,

(Ел Маун, 4-6)

Ес-Са‘ди рекол:

„А тешко на тие што, кога намазот (молитвата) го извршуваат“, т.е. тие што се обврзале да го извршуваат намазот, но тие, намазот свој како што треба не го извршуваат', т.е. го занемаруваат, не го извршуваат во пропишаното време и ги пропуштаат неговите составни делови, а тоа е поради нивното невнимание кон Аллаховата наредба, бидејќи го занемариле намазот, којшто е најважниот чин на покорност и најдоброто дело за приближување кон Аллах.“ [58]

[11] Тефсир Ес-Сади, стр: 324.

Бурејде, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Договорот помеѓу нас и нив е намазот, па кој ќе го остави, направил неверство.“ [59]

[28] Тирмизи, бр. (2140).

Шекик бин Абдулах – а тој е еден од табиините (генерацијата по асхабите) – пренесува:

„Асхабите на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не го сметале оставањето на ниедно дело за неверство, освен намазот.“ [60]

Штетни последици:

Оставањето на намазот со себе носи многу штети, меѓу кои се:

  • Губење на еден важен симбол од јасните симболи на исламот.
  • Оној кој го остава намазот е изложен на опасност да западне во неверство, Аллах нека нè заштити. Исламските правници се разишле во мислењето: дали таквиот се смета за неверник врз кого се применуваат прописите за неверниците, или е извршител на еден од големите гревови?
  • Оној кој го остава намазот нема удел во исламот.

Од Мисвер бин Махрама се пренесува дека влегол кај Омер бин ел-Хатаб, радијалаху анху, во ноќта кога бил прободен со анџар, па го разбудил за сабахскиот намаз. Омер рекол: „Да, и нема удел во исламот оној што го остава намазот.“ Потоа Омер клањал, а од раната му течела крв. [61]

[61] Мувета од имамот Малик, бр. (51).

Раната обилно му крварела.

Ел-Баџи, рахимехуллах, рекол:

„Изјавата на Омер: ,Нема удел во исламот оној што го остава намазот“, што значи: дека тој нема дел (исе) во исламот и неговите дела не се прифатени; бидејќи намазот е првото дело во исламот кое се прифаќа и има најголема важност. Па, кој ќе го остави намазот, го губи својот удел од сите други исламски дела, и од нив нема ниту корист, ниту удел.“ [62]

[62] Ел-Мунтека Шерх Ел-Муветта, 1/86.

  • Оставањето на намазот е причина разочарување и губиток на Судниот ден. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Првото дело за кое робот ќе одговара на Судниот ден е неговиот намаз. Ако му биде исправен, тој успеал и се спасил, а ако му биде неисправен, тој пропаднал и на губиток е.“ [63]

Авн бин Абдулах, радијаллаху анху, рекол:

„Навистина, кога човекот ќе биде ставен во својот гроб, првото нешто за кое ќе биде прашан е намазот. Па, ако му биде примен, ќе се разгледаат и останатите негови дела, а ако не му биде примен, нема да се разгледува ниедно друго негово дело.“ [64]

[64] Ел Кебаир, стр. 20.

  • Оној што ќе остави еден намаз, Аллах ќе се разгневи на него, а Ибн Абас, радијаллаху анхума, рекол:

„Оној што намерно ќе остави еден намаз, ќе Го сретне Аллах, а Тој ќе биде лут на него.“ [65]

  • На Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му било наредено да се бори против оние што го оставаат намазот. Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека не извршуваат намаз и не даваат зекат. Ако направат така, тогаш им се заштитени и животите и имотите, освен доколку направат престап против прописите на исламот, а за останатото ќе бидат одговорни пред Аллах.“ [25]

  • Ќе бидат лишени од светлината, за која известил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога рекол:

„Намазот е светлина.“ [67]

– Оставањето на намазот доведува до ширење на развратот и лошите дела во муслиманското општество; затоа што редовното извршување на намазот ги штити и поединците и општеството од разврат и лоши дела, како што Возвишениот вели:

„И извршувај го намазот (молитвата) – намазот навистина одвраќа од развратот и од сè што е лошо.“

(Ел Анкебут, 45)

Заштита:

Начини на заштита да не западнете во големиот грев - оставањето на намазот:

  • Спознавање на возвишената положба на намазот во исламот и да научиме за тоа од Благородниот Куран и чистиот Сунет.
  • Да научиме за начинот на клањање на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Малик бин ел-Хувејрис, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Клањајте како што сте ме виделе дека клањам.“ [67]

  • Грижа за извршувањето на фарз намазите во џамија во џемат, и да не се дозволи ништо да го одвлече вниманието на муслиманот од намазот во негово време. Возвишениот вели:

„О, верници, нека не ве занесат богатствата ваши и децата ваши од сеќавањето на Аллах. А тие што ќе го сторат тоа, ќе бидат изгубени.“

(Ел Мунафикун, 9)

Ибн Хаџер ел-Хејтеми рекол:

„Група на муфесири (коментатори на Куранот) рекле: ,Под спомнувањето на Аллах тука се мисли на петте намази, па кој ќе го занемари намазот во негово време поради својот имот, како што е трговијата, занаетот или децата, тој е од губитниците.‘“ [68]

[31] Ез Зеваџир ан Иктираф ел Кебаир, (1/162).

  • Држење подалеку од лошото друштво и оние што прават гревови и што го занемаруваат намазот.
  • Навикнување на децата на намазот уште во детството. Абдулах бин Амр бин ел-Ас, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години.“ [69]

[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).

  • Често клањање доброволни намази, бидејќи тие ги надоместуваат недостатоците на фарз намазите. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Првото нешто за кое човекот, ќе полага сметка, на Судниот ден од неговите дела е неговиот намаз; ако му е исправен, тој успеал и се спасил, а ако му е неисправен, тој пропаднал и изгубил. Па, ако има некаков недостаток во неговите задолжителни намази, Семоќниот и Возвишен Господар ќе рече: ,Погледнете дали Мојот роб има доброволни дела, па со нив да се надополни она што недостасувало од задолжителните.‘ Потоа, на ист начин ќе се постапи и со останатите негови дела.“ [70]

  • Познавањето на големата награда што се добива со извршувањето на намазот; и дека тоа е најсаканото дело што муслиманот го извршува од покорност кон Аллах, а воедно и средство преку кое робот се поврзува со својот Создател, Го моли и бара помош од Него.
  • Внимателност и грижа за брзо извршување на намазот на почетокот на неговото време, и користење на помошни средства за таа цел, како: активирање аларм, барање на потсетување од пријател, следење на нешто што ги содржи точните времиња за намаз, и други средства.

ملاحظات

[55] رواه البخاري برقم (8)، ومسلم برقم (21).

[56] رواه مسلم برقم (134).

[57] ينظر: تفسير ابن كثير (5/ 243).

[58] تفسير السعدي (ص: 935).

[59] رواه الترمذي برقم (261).

[60] رواه الترمذي برقم (2622).

[61] موطأ مالك برقم (51).

[62] المنتقى شرح الموطأ (1/ 86).

[63] رواه الترمذي برقم (413).

[64] الكبائر للذهبي (ص: 20).

[65] الكبائر للذهبي (ص: 20).

[66] رواه البخاري برقم (25)، ومسلم برقم (22).

[67] رواه مسلم برقم (223).

[67] رواه البخاري برقم (631)، ومسلم برقم (674).

[68] الزواجر عن اقتراف الكبائر (1/ 220).

[69] رواه أبو داود برقم (495).

[70] رواه الترمذي برقم (413).