Преправањето (рија)
- التصنيف الشرعي
- الأدعية والأذكار والرقائقالرقائق والمواعظأمراض القلوب
- الموضوعات
- أعمال القلوب المذمومةالرياء
نص الموضوع
Преправањето (кога некое дело го разубавуваме затоа што некој не гледа или слуша) е еден од најголемите гревови кој го уништува делото. Тоа е еден од видовите на ширк од кој предупредува Шеријатот, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Најмногу се плашам за вас од малиот ширк.“ Присутните прашаа: „А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?“ Тој одговори: „Преправањето...“ [45]
[19] Го бележи Ахмед, бр. (17634).
Суштината на преправањето е кога робот извршува дело не барајќи го со него само Аллахово задоволство - било дали го прави исклучиво заради луѓето, било да го прави заради Аллах, но со тоа истовремено да сака и луѓето да го видат. И во двата случаи станува збор за преправање.
Понекогаш преправањето може да биде во самата основа на верата — и тогаш тоа претставува куфр, односно неверство и лицемерие; а понекогаш може да биде во некои дела што не се од основата на верата — и тогаш тоа е мал ширк.
Докази:
Од доказите за забраната на преправањето се следниве:
Возвишениот Аллах вели:
„О, верници, не ги расипувајте своите милостини со приговарања и навреди, како што тоа го прави тој што го троши својот имот за да се покаже пред луѓето, а не верувајќи во Аллах и во другиот свет.“
(Ел Бекаре, 264)
Ајет:
„Лицемерите настојуваат да го измамат Аллах, а Тој ќе ги надмудри. Кога стануваат намазот (молитвата) да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот.“
(Ен Ниса, 31)
Возвишениот исто така вели:
„Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.“
(Кехф, 110)
Што значи: не прави ширк, ниту пак со своето дело се преправа пред никого.
„А тешко на тие што, кога намазот (молитвата) го извршуваат,
намазот свој како што треба не го извршуваат,
коишто само се преправаат.“
(Ел Маун, 4-6)
Штетни последици:
Штетите од преправањето (рија):
- Преправањето е причина за вечен престој во Огнот ако се појави во основата на иманот; бидејќи тогаш тоа е куфр и лицемерство. Возвишениот вели:
,,Кога ќе ги сретнат тие што веруваат, велат: ,Веруваме!', а штом останат насамо со своите шејтани (ѓаволи), велат: ,Ние сме со вас. Ние само се потсмеваме.‘“
„Лицемерите на самото дно на Џехенемот ќе бидат и ти нема да им најдеш помагач.“
- Преправањето е причина за поништување на делото на неговиот сторител. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Возвишениот Аллах вели:,Јас сум Тој што најмалку има потреба некој да му се смета за рамен. Кој ќе направи дело во кое ќе Ми здружи некого, го оставам него и неговиот ширк.‘“ [46]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
Преправачот кој прави дела заради луѓето, нема да има никаква награда за нив на Ахирет. Се пренесува од Махмуд ибн Лебид, Аллах да е задоволен од него, дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк.‘ Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето! На Судниот ден, кога ќе им суди на луѓето според нивните дела, Возвишениот Аллах ќе им рече: Одете кај оние за кои се преправавте и видете дали ќе ви дадат некаква награда.‘“ [47]
- Преправањето е причина за влез во Џехенемот. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Навистина, првите луѓе на кои ќе им се пресуди на Судниот ден се: човек кој бил убиен како шехид. Ќе биде доведен, па Аллах ќе го потсети на Своите благодати, и тој ќе ги признае. Аллах ќе го праша: ,Што направи со нив?‘ Тој ќе одговори: ,Се борев заради Тебе сè додека не бев убиен.‘ Аллах ќе рече: ,Лажеш, ти се бореше за да се каже за тебе: „Храбар е“, и тоа беше речено.‘ Потоа ќе биде наредено, и тој ќе биде влечен по лицето сè додека не биде фрлен во Огнот. А потоа ќе биде доведен човек кој изучувал знаење, го подучувал и го учел Куранот. Аллах ќе го потсети на Своите благодати, и тој ќе ги признае. Аллах ќе го праша: ,Што направи со нив?‘ Тој ќе одговори: ,Стекнував знаење, го подучував и го учев Куранот заради Тебе.‘ Аллах ќе рече: ,Лажеш, ти изучуваше знаење за да се каже: „Учен е“, и го учеше Куранот за да се каже: „Тоа е читач (кариј)“, и тоа беше речено.‘ Потоа ќе биде наредено, и тој ќе биде влечен по лицето сè додека не биде фрлен во Огнот. Потоа ќе биде доведен човек кому Аллах му дал изобилство и различни видови имот. Аллах ќе го потсети на Своите благодати, и тој ќе ги признае. Аллах ќе го праша: ,Што направи со нив?‘ Тој ќе одговори: ,Не оставив ниеден пат на кој Ти сакаш да се троши, а да не потрошив на него заради Тебе.‘ Аллах ќе рече: ,Лажеш, ти го правеше тоа за да се каже: „Дарежлив е“, и тоа беше речено.‘ Потоа ќе биде наредено, и тој ќе биде влечен по лицето сè додека не биде фрлен во Огнот.“ [48]
- Преправањето е причина за јавно разобличување на Судниот ден пред сите созданија. Џундуб, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој прави нешто за да биде чуен, Аллах соодветно ќе го казни на Судниот ден, а тој што прави нешто за да биде виден, и него Аллах соодветно ќе го казни.“ [49]
[8] Го бележи Бухари, бр. (5885).
А значењето на зборовите „и него Аллах соодветно ќе го казни“ е: на Судниот ден ќе биде јавно повикан како некој што правел дела за да биде чуен и виден.
Заштита:
Начини на заштита од преправањето:
- Да знае дека Аллах гледа во неговата внатрешност, и знае што кријат неговите гради. Возвишениот Аллах вели:
„Зарем тие не знаат дека Аллах го знае тоа што тие во себе го кријат и тоа што си го шепотат и дека Аллах е зналец на сè што е скриено?“
(Ет Теуба, 78)
- Постојана свест дека Возвишениот Аллах го гледа Својот роб, а тоа е степенот на „Ихсан“ кој го спомнал Пратеникот ,салаллаху алејхи ве селем, во хадисот на Џибрил, а тоа е:
„Да го обожуваш Аллах како да Го гледаш, зашто ако ти не Го гледаш, Тој те гледа.“ [50]
- Да биде искрен во сите негови зборови и дела, и сите да ги прави исклучиво само заради Аллах.
- Да знае дека луѓето не располагаат со моќ да му донесат корист ниту да му нанесат штета, и дека ако го изврши делото искрено заради Аллах, Аллах ќе биде задоволен од него и ќе го засака, па ќе биде прифатен и луѓето ќе го сакаат без тој да има потреба да им се покажува. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога Аллах ќе засака некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.‘ Тогаш Џибрил ќе го засака, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го сака тој и тој, затоа сакајте го и вие.‘ Потоа ќе го засакаат и жителите на небесата, а потоа му се дава прифаќање кај луѓето на Земјата - и тие да го сакаат. А кога Аллах ќе замрази некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го мразам тој и тој, затоа мрази го и ти.‘ Тогаш Џибрил го замразува, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го мрази тој и тој, затоа мразете го и вие.‘ И тие го замразуваат, потоа му се дава кај луѓето на Земјата и тие да го мразат.“ [51]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
- Да бара заштита кај Возвишениот Аллах од преправањето. Во хадис од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се пренесуваат зборовите за заштита кои гласат:
„О, луѓе, чувајте се од овој ширк, бидејќи тој е поскриен од движењето на мравките.“ Па некој го праша: „Како да се чуваме од него, о, Аллахов пратенику, кога е поскриен од движењето на мравките?“ Тој одговори: „Кажете: ,Аллаху мој, бараме заштита кај Тебе да не Ти направиме ширк во нешто свесно, и од Тебе бараме прошка за она што не го знаеме.‘“ [52]
Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, во неговите дови се молел:
„Аллаху мој, направи секое мое дело да биде добро и искрено само за Тебе, и во него да нема удел за никој друг.“ [53]
[54] Го бележи Ибн Еби Шејбе во Мусаннеф со број (2951).
Од Али бин ебу Талиб, радијаллаху анху, се пренесува дека ја изговарал следнава дова:
„Аллаху мој, прочисти го моето срце од лицемерие, моите гради од злоба и моите дела од преправање.“ [54]
[53] Меџму‘ул фетава на Ибн Тејмијје, 1/99.
- Барање помош од Возвишениот Аллах за ослободување од преправањето. Возвишениот Аллах вели за верниците:
„Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!“
(Ел Фатиха, 5)
– Да се прикрива ибадетот и да не се покажува јавно, освен во случаите кога шеријатски е пропишано неговото јавно извршување — како што се езанот, намазот во џемат и слични ибадети — кои ниту е можно, ниту е пропишано да се извршуваат скришум.