Skip to content

Лажењето (клеветењето) за Аллах и за Неговиот пратеник

نص الموضوع

Лагата, општо земено, спаѓа меѓу големите гревови, а еден од нејзините најтешки и најодвратни облици е лажењето/клеветењето за Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Ес-Са‘ди рекол:

„Никој не прави поголема неправда ниту поголем грев од оној што лаже за Аллах, припишувајќи Му зборови или прописи од кои Тој, Возвишениот, е чист. Таквиот човек е најнеправедниот меѓу сите созданија, бидејќи во неговиот чин има лага, изопачување на темелите и гранките на верата, а припишувањето на тоа на Аллах е еден од најтешките облици на расипаност.“ [29]

[11] Тефсир Ес-Сади, стр: 324.

Еден од видовите на лага е толкувањето на Аллаховиот говор спротивно на она што Аллах го сакал, бидејќи суштината на говорот е неговото значење. Затоа, ако некој каже: „Аллах со ова го мислел тоа и тоа“, тој лаже за Аллах и сведочи за Него нешто што Аллах, Возвишениот, не го мислел. Истото важи и кога некој го толкува говорот на Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спротивно на она што тој го мислел.

Доказите за забраната на лагата за Аллах и Неговиот Пратеник, и за тежината и одвратноста на тој грев, се многубројни, меѓу нив се:

Возвишениот Аллах вели:

„Тие велат: ,Аллах си зел дете за Себе!' – Возвишен и чист нека е Тој! Тој не е зависен од никого! Сè што е на небесата и на Земјата Негово е! Вие за тоа никаков доказ немате. Зошто за Аллах го зборувате тоа што не го знаете!

Кажи: ,Тие што за Аллах изнесуваат лаги, нема да го постигнат тоа што го сакаат.'

Кратко ќе уживаат на овој свет, а потоа Нам ќе ни се вратат и Ние ќе им дадеме да претрпат неиздржливо страдање, затоа што не веруваа.“

(Јунус, 68-70)

Секој кој лаже за Возвишениот Аллах и тврди дека Тој има сопруга или дете или здруженик, тој е неверник во Возвишениот Аллах.

Возвишениот исто така вели:

„На Судниот ден ќе ги видиш тие кои за Аллах лаги говореа, со поцрнети лица. А зарем Џехенемот нема да биде престојувалиште на горделивите?“

(Ез Зумер, 65 - 66)

Ес-Сем‘ани рекол:

„А значењето на ,тие кои за Аллах лаги говореа', односно: тврделе дека Аллах си зел дете или здруженик, и се вели: тоа се однесува општо за секоја изнесена лага за Аллах.“ [30]

[30] Тефсир на ес-Сем‘ани, 4/478.

„Има ли понеправеден од тој што за Аллах измислува лаги? Тие пред Господарот твој ќе бидат донесени, а сведоците ќе речат: „Овие измислувале лаги за Господарот свој!“ Аллаховото проклетство нека ги стигне злосторниците.“

(Худ, 114)

„И не зборувајте лаги со јазиците свои: ,Ова е дозволено, а ова забрането', за така да изнесувате лаги за Аллах. Тие што за Аллах говорат лаги, нема да успеат,

кратко ќе уживаат, и нив страшно страдање ќе ги чека.“

(Ен Нахл, 116-117)

Ибн Хаџер ел-Хејтеми рекол:

„Нема сомнеж дека намерната лага припишана на Аллах и Неговиот пратеник, преку дозволување на забранетото или забранување на дозволеното, е чисто неверство (куфр).“ [31]

[31] Ез Зеваџир ан Иктираф ел Кебаир, (1/162).

Мугире бин Шу‘бе, радијаллаху анху, пренесува дека го слушнал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Навистина лагата за мене не е како лагата за некој друг. Кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви местото во Огнот.“ [32]

[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).

Имамот Ен-Невеви рекол:

„Во ова се нагласува тежината на забраната за лагата која како говор му се припишува нему, салаллаху алејхи ве селем, и дека тоа е големо срамно дело и тежок грев, но со оваа лага не се станува неверник, освен ако некој не ја смета за дозволена. Ова е познатиот став на учените.“ [33]

[33] Шерх Муслим (1/69).

Имамот Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, исто така рекол:

„Изнесената лага за Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е причина за влез во Огнот и за заземање постојано место во него - место од кое тој кому тоа место му е одредено нема да се одвои.“ [34]

[34] Медариџ ес-Саликин, 1/379.

Штетите од лажењето за Аллах и Неговиот Пратеник се многубројни, а меѓу нив се:

  • Лажењето за Аллах е патот на мушриците. Возвишениот вели:

Ибн Кесир, Аллах нека му се смилува, рекол:

„Возвишениот забрани да се следи патот на многубошците, кои дозволувале и забранувале работи единствено врз основа на имињата кои тие ги измислиле според сопствените мислења, како што се: бехира, саиба, весила и хам, и други слични работи кои биле дел од нивниот закон, кој го вовеле како новотарија во нивниот џахилиет/незнаење.“ [35]

[35] Тефсир на Ибн Кесир, (4/609).

  • Да се лаже за Аллах и Неговиот пратеник е причина за менување на божествениот закон: забранување на она што Аллах го дозволил, или дозволување на она што Аллах го забранил.

– Доведува до новотарии и новововедени работи, Ибн Кесир рекол:

„Во ова спаѓа – т.е. во зборовите на Возвишениот: „И не говорете го она што е лага на вашите јазици: ‚Ова е дозволено, а ова е забрането‘– секој што ќе воведе новотарија во верата за која нема шеријатска основа, или ќе дозволи нешто што Аллах го забранил, или ќе забрани нешто што Аллах го дозволил, само врз основа на своето мислење и страсти.“ [36]

Начини на заштита од изнесување лаги кои им се припишуваат на Аллах и Неговиот пратеник:

  • Знаењето треба да предничи пред зборовите и делата.
  • Придржување кон сунетот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и избегнување на новотариите. Ирбад бин Сарије, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Држете се до мојот сунет и сунетот на упатените, праведни халифи; цврсто држете се до него и загризете со катниците, и чувајте се од новововедените работи, бидејќи секоја новововедена работа е новотарија, а секоја новотарија е заблуда.“ [37]

[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).

  • Стремеж кон искреноста. Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот. Човекот кој постојано е приврзан кон искреноста и се труди да биде искрен ќе биде запишан кај Аллах меѓу искрените. И чувајте се од лагата, бидејќи лажењето води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот кој постојано лаже и се стреми кон лагата ќе биде запишан кај Аллах како лажливец.“ [38]

  • Размислување за последиците од лажењето за Аллах и Неговиот пратеник на овој и на идниот свет.
  • Постоење на учени кои ги побиваат и одговараат на лагите за Аллах и Неговиот пратеник саллаллаху алејхи ве селлем.