Ширкот (да изедначиш некого/нешто со Аллах)
- التصنيف الشرعي
- العقيدةالإسلامنواقض الإسلامالشرك
- الموضوعات
- التوحيد وحمايتهالشرك بالله وأقسامه
نص الموضوع
Ширкот е најтешкиот и најголемиот грев со кој некогаш Му се направила непослушност на Возвишениот Аллах. Тој е спротивен на верувањето во Аллах и на Неговото едноштво (тевхид). Возвишениот вели:
„Ширкот (политеизмот) е, навистина, голема неправда.“
(Лукман, 13)
Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол:
„Го прашав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,Да му припишеш здруженик на Аллах (да изедначиш некого со Аллах), а Тој те создал. ‘“ [22]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
Здруженик т.е партнер или истоветен Нему.
Суштината на ширкот е да сметаме некого за еднаков или рамноправен на Возвишениот Аллах во Неговиот рубубијет, ибадет, или во Неговите имиња и својства - и насочување на некое од правата што му припаѓаат само Нему или кој било вид ибадет кон некој друг освен Него.
Секое верување, збор или дело за кое е потврдено дека е наредено од Законодавецот - неговото посветување единствено на Аллах претставува тевхид, иман и ихлас, а неговото насочување кон некој друг претставува ширк и куфр.
Во ширк спаѓа: упатување дова кон мртвите, барањето исполнување на потреби од нив, заветување за нив, барање помош од нив, како и правење сеџда на некој друг освен Аллах, принесување жртва за некој друг освен Аллах, и слично.
Многубројни се доказите за забраната на ширкот и појаснувањето на неговата грдост и тежината на тој грев, меѓу нив се:
Возвишениот Аллах вели:
„Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа кому Тој сака! А тој што на Аллах Му припишува здруженик, тој прави клевета и голем грев.“
(Ен Ниса, 31)
Ајет:
„Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во Џенетот и неговото живеалиште ќе биде Џехенемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“
(Ел Маиде, 38)
Возвишениот исто така вели:
„А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: ,Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.'
Туку, само Аллах обожувај Го и биди благодарен!“
(Ез Зумер, 65 - 66)
Ебу Бекре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?“ (трипати), рекоа: „Секако, о Аллахов пратенику.“ Рече: „Придружување друг/истоветен на Аллах (ширк), непослушност кон родителите, бесправното убиство и лажното сведоштво.“ [23]
Ширкот има многубројни опасни последици, од кои:
- Ширкот ги поништува сите добри дела. Возвишениот вели:
„А да Му припишуваа здруженик, сигурно ќе им пропаднеше тоа што го правеа.“
(Ел Енам, 88)
- Оној што ќе умре во состојба на ширк и не се покае од него, ќе престојува вечно во Огнот. Џабир, радијалаху анху, рекол:
„Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Аллахов пратенику, кои се двете работи во кои нема сомеж?’ Божјиот пратеник одговори: ,Кој ќе умре без да Му припишува рамен на Аллах, ќе влезе во Џенетот. А кој ќе умре припишувајќи Му рамен на Аллах, ќе влезе во Огнот.‘“ [24]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
- Крвта и имотот на мушрикот не се неприкосновено заштитени. Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека не извршуваат намаз и не даваат зекат. Ако направат така, тогаш им се заштитени и животите и имотите, освен доколку направат престап против прописите на исламот, а за останатото ќе бидат одговорни пред Аллах.“ [25]
- Мушрикот не наоѓа помош ниту поддршка од Аллах во неволјите што го снаоѓаат на овој свет. Шејтаните го опкружуваат од сите страни и тој живее во немир, вознемиреност, постојан страв и постојана тага. Возвишениот Аллах вели:
„А тој што ќе смета дека на Аллах Му има рамен, ќе биде како тој што паднал од небо и кого птиците го разграбале, или како тој што ветерот во далечен предел го однел.“
(Ел Хаџ, 31)
Ибн Са‘ди, Аллах нека му се смилува, во толкувањето на овој ајет вели:
„...Исто е и со многубожецот: верувањето е како небото, заштитено и возвишено, а оној што ќе го напушти верувањето е како оној што паѓа од небото, изложен на несреќи и искушенија, па или ќе го грабнат птиците односно ќе го распарчаат. Така и многубожецот, кога ќе престане да се држи за верувањето, шејтаните го напаѓаат од сите страни, го распарчуваат и му ги уништуваат и верата и овосветскиот живот.“ [26]
[11] Тефсир Ес-Сади, стр: 324.
- Мушрикот кога ќе умре, не се бања, не се завиткува во ќефини, ниту му се клања џеназе намаз и не се закопува во муслиманските гробишта.
Начини на заштита од ширкот (многубоштвото):
Муслиманот се штити од запаѓање во ширк на следниов начин:
- Да го научи тевхидот и исправното акиде (верување) и да постапува според наученото. Возвишениот вели:
„Знај дека нема друг бог освен Аллах...“
(Мухамед, 19)
Имамот Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, вели:
„Возвишениот вели: ‚Знај дека нема друг бог освен Аллах...‘ Така, знаењето за едноштвото (тевхидот) на Возвишениот и уверувањето дека нема друг бог освен Него е цел само по себе, иако тоа само по себе не е доволно, бидејќи со него е неопходно и обожување само на Аллах, без да му придружуваме здруженик. Овие две работи се неопходни сами по себе: да се спознае Возвишениот Господар преку Неговите имиња, својства, дела и прописи, и да се обожува според нив и во согласност со нивното значење. Како што Неговото обожување е цел сама по себе, такво е и знаењето и спознавањето за Него. Исто така, знаењето е еден од највредните видови на ибадет.“ [27]
[27] Мифтах Дарус-Се‘аде (1/178).
- Да се избегнува малиот ширк, како што е лесното преправање (рија), заклетвата во нешто друго освен во Аллах, и изјави од типот: „Она што Аллах го сака и ти (го сакаш)“, „Ова е од Аллах и од тебе“, „Јас сум со Аллах и со тебе“, „Се потпирам на Аллах и на тебе“, и слично, бидејќи малиот ширк е пат што води кон големиот ширк.
- Да ги познава формите и видовите на многубоштвото кои се раширени меѓу луѓето, за да ги избегнува и да не падне во нив.
- Да Го моли Возвишениот Аллах да го зацврсти на тевхидот и да го сочува од ширкот. Возвишениот Аллах ни пренесува за Ибрахим, алејхи селам:
„А кога Ибрахим рече: ,Господару мој, направи го овој град безбеден и сочувај ме мене и синовите мои од тоа да обожуваме кипови.“
(Ибрахим, 35)
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, честопати велел:
„Ти Кој ги превртува срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера.“ [28]
[28] Тирмизи, бр. (2140).