Зошто и меѓу муслиманите има такви кои прават зулум и неред, како што прават и другите?
- محاور التعريف بالإسلام
- الشبهات والاعتراضات
- مصدر الإجابة
- قسم المسلمين
- الباب / الفصل
- (قسم المسلمين)
السؤال
Зошто и меѓу муслиманите има такви кои прават зулум и неред, како што прават и другите?
الجواب
Некои можеби ќе приговорат велејќи: „Ако исламот е вистинската вера, тогаш зошто гледаме како некои муслимани вршат неправда, изневеруваат и шират расипаништво, исто како што тоа го прават неверниците? Зар ова не е во спротивност со тврдењето дека исламот упатува кон доброто?“
Верата не се мери според постапките на нејзините следбеници, туку според нејзините основи и учења. Исламот повикува кон правда и доброчинство, а забранува неправда и расипништво. Возвишениот Аллах вели:
„Аллах бара да се почитува сечие право, да се прави добро, и на блиските да им се дава, а развратот и сè што е лошо и одвратно и насилството го забранува.“
(Ен Нахл, 97).
Па така, доколку некој муслиман направи неправда или шири расипаништво, тој постапил спротивно на учењата на својата вера, а не дека верата му го наредила тоа.
Дури и кај претходните народи, на кои Возвишениот Аллах им објавил исправни закони, имало такви кои не се покорувале и не верувале. Затоа, постоењето на неправедни луѓе меѓу муслиманите е природна човечка појава, бидејќи луѓето се разликуваат во своето придржување кон вистината. Но исламот останува мерило за исправното и погрешното, а не постапките на поединци меѓу муслиманите.
Возвишениот Аллах нема да ослободи муслиман од казна само поради неговото име или потекло, туку ќе го повика на одговорност за неговите дела. Возвишениот Аллах вели:
„Тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види,
и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!“
(Ел Зилзал, 7-8)
Па така, доколку муслиман направи неправда, тој е грешен пред Аллах и може да биде казнет на овој или на идниот свет, освен ако се покае.
Исламот не ја оправдува грешката на муслиманот, туку пропишува казни за оној што краде, убива или врши неправда, дури и ако е муслиман. Пратеникот ﷺ рекол:
„Доколку, и Фатима, ќерката на Мухамед, би украла, јас би ѝ ја отсекол раката.“
Ова е доказ дека исламот е вера на правдата и дека не ги фаворизира своите следбеници.
Исламот го поставува исправното мерило и нуди пат за поправање и покајание. Па така, ако некој муслиман згреши, тој е грешен, но верата останува чиста — повикува кон доброто и забранува зло. Недостатокот не е во исламот, туку во пропустите на некои негови следбеници.
المصدر
ملاحظات
--