Сите религии тврдат дека се од Бога, па зошто човекот треба да го следи само исламот?
- محاور التعريف بالإسلام
- الشبهات والاعتراضات
- مصدر الإجابة
- قسم الإسلام
- الباب / الفصل
- (قسم الإسلام)
السؤال
Сите религии тврдат дека се од Бога, па зошто човекот треба да го следи само исламот?
الجواب
Благодарноста Му припаѓа на Аллах. Критериумите по кои се препознава вистинската вера се следните:
Прво: Не сите религии тврдат дека се од Возвишениот Аллах. Напротив, некои религии се човечки творби, како будизмот и хиндуизмот, односно основачите на тие религии не тврдат дека дошле како објава од Аллах. Овие религии повикуваат кон величење и обожување на одредени луѓе како богови, или кон обожување на некои видливи созданија, како сонцето, месечината, некои планети, дрвја, планини, животни и реки. Тоа се идолопоклонички верувања.
Второ: Вистинската вера е онаа што дошла од Аллах, која Тој им ја пропишал на Своите робови, а Пратениците им ја доставиле на луѓето. Претходните објави, како јудаизмот и христијанството, првично биле вистински божествени објави, но подоцна во нив навлегле искривувања и изменувања, а нивните верозакони биле укинати со доаѓањето на Пратеникот на исламот, Мухамед ﷺ. Пред нивното искривување, тие објави содржеле наредба за задолжително следење на Веровесникот ﷺ кога ќе се појави. И денес во нив сè уште постојат текстови кои сведочат и го навестуваат доаѓањето на Веровесникот Мухамед ﷺ повикувајќи ги своите следбеници да го прифатат исламот. Затоа гледаме дека Евреите кои живееле во времето на Веровесникот ﷺ го очекувале неговото појавување и со него им се заканувале на арапските многубошци кога настанувале судири меѓу нив. Селеме ибн Селаме ибн Вакш, еден од учесниците во битката кај Бедр, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Имавме сосед Евреин во племето Бени Абдул-Ешхел. Еден ден, кратко пред испраќањето на Божјиот пратеник ﷺ излезе од својата куќа и застана пред собирот на Бени Абдул-Ешхел. Во тоа време јас бев најмладиот меѓу нив. Тој почна да зборува за проживувањето, Судниот ден, пресметката, вагата, Џенетот и Огнот. Тоа им го зборуваше на луѓе кои беа многубошци и обожувачи на идоли, кои не веруваа во проживување по смртта. Тие му рекоа: ,Тешко тебе! Зарем мислиш дека ова навистина ќе се случи? Дека луѓето по смртта ќе бидат проживеани и ќе одат во место во кое има Џенет и Оган, каде ќе бидат наградени или казнети според своите дела?’ Тој рече: ,Да, се колнам во Оној во Кого се колне! Човек би посакал, само за да биде спасен од тој Оган, да биде фрлен во најголемата печка на овој свет.’ Тие го прашаа: ,Кој е знакот за тоа?’ Тој одговори: ,Пратеник кој ќе биде испратен од правецот на овие земји’ – и покажа кон Мека и Јемен. Тие прашаа: ,А кога мислиш дека ќе се појави?’ Тогаш погледна кон мене, бидејќи бев најмладиот меѓу нив, и рече: ,Ако ова момче го дочека својот животен век, ќе го доживее.’ Селеме рече: ,Се колнам во Аллах, не помина многу време, а Аллах го испрати Неговиот Пратеник ﷺ. Ние поверувавме во него, а тој не поверува поради завист и злоба. Му рековме: ,Тешко тебе! Зарем не беше ти тој што ни зборуваше за него?' Тој одговори: ,Да, но тоа не е тој.'“
Го бележи Ахмед (15841) со добар синџир на пренесувачи.
Но, кога дојде Пратеникот Мухамед ﷺ и кога на евреите им стана јасно дека не е од еврејско потекло, тие од завист не поверуваа во него, иако знаеа дека е пратеник од Аллах.
Трето: Една од причините поради кои човекот е должен да ја следи оваа возвишена вера е и тоа што таа е Аллахова вера, а секоја друга вера е вера на шејтанот. Исламот е вистината, а сè друго освен него е невистина. Возвишениот Аллах вели:
„Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а оние на кои тие, покрај Него, им се молат, се невистина, и затоа што Аллах е Возвишен и Голем.“
(Лукман, 15)
Четврто: Преку вистинската вера, а тоа е исламот, човекот постигнува две големи придобивки: една на овој свет а друга на Ахиретот. Што се однесува до придобивката на овој свет, таа е спокојството и убавиот живот. Возвишениот Аллах вели:
„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле.“
(Ен Нахл, 97)
Возвишениот исто така вели:
„Тие што веруваат и чиишто срца, кога Аллах ќе се спомне, се смируваат – а срцата навистина, кога Аллах ќе се спомне, се смируваат.“
(Ер Рад, 28)
А што се однесува до Ахиретот, тоа е вечниот успех, спасот од Џехенемот и стекнувањето на Аллаховото задоволство. Возвишениот Аллах вели:
„Секое живо суштество смртта ќе ја вкуси и само на Судниот ден во потполност ќе ги добиете платите ваши! Па кој ќе биде од огнот оддалечен и во Џенетот воведен, успеал! А животот на овој свет е само лажно насладување!“
(Сура Али Имран, 81)
„Кажи: ,Сакате ли да ви кажам што е подобро од тоа? Тие што ќе бидат богобојазливи кај Господарот свој ќе имаат џенетски градини под кои реки течат, во кои вечно ќе престојуваат, и сопруги чисти и задоволство од Аллах!' А Аллах добро ги гледа робовите Свои!“
Петто: Вистинската вера, а таа е исламот, му дава на човекот мерило преку кое ја разликува вистината од невистината, упатството од заблудата и доброто од злото. Возвишениот Аллах вели:
„О, верници, ако се плашите од Аллах, Тој ќе ви подари способност за разделување на вистината од невистината и преку лошите постапки ваши ќе премине и ќе ви прости. А Аллаховата добрина е неизмерна!“
(Ел Енфал, 50)
Затоа, секој човек, без разлика дали маж или жена, треба да го прифати исламот; бидејќи другите вери се или претходни небесни објави кои биле искривени и изменети, па исламот ги обессилил, или се лажни вери уште во нивната основа, во кои нема никакво добро. Обожувањето според нив претставува загуба на овој и на идниот свет. Возвишениот Аллах вели:
„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“
Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед.
المصدر
ملاحظات
--