Skip to content

Што значи исламот?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم الإسلام
الباب / الفصل
(قسم الإسلام)

السؤال

Што значи исламот?

الجواب

Прашање: Што значи верата ислам?

Одговор: Исламот во општа смисла значи целосна предаденост на Аллах, потчинување Нему и покорност само Нему — надворешно и внатрешно — во сè што Тој го пропишал преку Своите пратеници; и тоа преку извршување на Неговите наредби и оставање на Неговите забрани. Ова е исламот во неговата општа смисла.

Исламот е и верата на сите Божји пратеници, иако нивните верозакони во одредени нешта се разликувале. Тоа значи предавање само на Аллах; па оној што Му се предава Нему и на друг е многубожец, а оној што не Му се предава Нему е надмен и вообразен.

Возвишениот Аллах, вели:

„За Аллах единствено исламот е вистинска вера.“

(Али Имран, 3-4)

Возвишениот исто така вели:

„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“

Во веродостоен хадис од веровесникот Мухамед ﷺ се пренесува дека рекол:

„Божјите пратеници се браќа по татко; мајките им се различни, но верата им е една.“

Зборот „ʼалат“ е множина од „ʼале“, што означува друга сопруга на истиот маж; а „синови на ʼалат“ се браќа од еден татко и различни мајки. Со ова се укажува дека основата на верата на Божјите пратеници е една, иако нивните верозакони се разликуваат.

Додека исламот во посебна смисла е верата што е востановена по испраќањето на Аллаховиот пратеник ﷺ односно, се однесува исклучиво на она со кое беше испратен Мухамед ﷺ. Бидејќи она со кое беше испратен тој ги дерогира сите претходни вери, оној што го следи е муслиман, а оној што му се спротивставува не е муслиман.

Следбениците на пратениците биле муслимани во времето на своите пратеници: евреите биле муслимани во времето на Муса, алејхи селам, а христијаните биле муслимани во времето на Иса, алејхи селам.

А кога бил пратен пратеникот Мухамед ﷺ и тие не поверуваа во него — тие престанале да бидат муслимани.

Возвишениот Аллах за секој народ пропишува она што одговара на неговата состојба и време, што води кон негова добросостојба и ги опфаќа неговите потреби. Потоа Аллах укинува од тие верозакони она што сака, кога ќе заврши нивното време — сè додека не го испрати Веровесникот Мухамед, печатот на веровесниците, до сите луѓе на Земјата, до Судниот ден.

За последниот пратеник пропиша сеопфатен шеријат, соодветен за секое време и место, кој не се менува и не се укинува; затоа на сите луѓе им преостанува само да го следат и да веруваат во него, салаллаху алејхи ве селем. Возвишениот Аллах вели:

„Кажи: ,О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник...‘“

(Ел Араф, 54)

„А тебе само како милост на световите те пративме.“

(Ел Енбија, 23)

Аллах со него ја запечати верата и ја направи потполна благодатта, и ја одреди верата ислам како сеопфатна и целосна за сите аспекти на животот. Таа ги опфаќа Аллаховите права — нивното исполнување и извршување — правата на луѓето и обврската да се почитуваат, како и правата на созданијата околу нас; и го обврзува муслиманот да му го даде правото на секој што има право.

„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“

(Ел Маиде, 46)

Исламот е вера што е во склад со науката, разумот и човечката природа, и не е во спротивност со сигурните научни откритија и сознанија во различни области.

Влегувањето во исламот бара изговарање на двете сведоштва: „Сведочам дека нема вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник“, со познавање на нивното значење, цврсто уверување во нив и постапување согласно нив. Исто така, тоа подразбира верување во Аллах, Неговите мелеци, Неговите книги, Неговите пратеници, Судниот ден и одредбата; како и човекот да го обожува својот Господар според она што Тој го пропишал — да го извршува намазот, да го дава зекатот, да го пости месецот рамазан и да изврши аџилак ако е во можност — и целосно да Му се предаде на Аллах во сите свои работи, извршувајќи го она што е наредено и оставајќи го она што е забрането.

Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед, врз неговото семејство и сите негови асхаби.

المصدر

قسم الإسلام

ملاحظات

--