Skip to content

Дали Месихот Иса, алејхи селам, бил распнат на крст?

مصدر الإجابة
قسم الأديان والفرق
الباب / الفصل
(قسم الأديان والفرق)

السؤال

Дали Месихот Иса, алејхи селам, бил распнат на крст?

الجواب

Месихот Иса, алејхи селам, не бил распнат на крст, туку бил воздигнат на небесата. Тој е жив и не е мртов, и се наоѓа на второто небо. Возвишениот Аллах вели:

„А кога Иса почувствува дека тие не веруваат, рече: ,Кои ќе ми бидат помошници на Аллаховиот пат?' ,Ние сме помагачи на Аллаховата вера!' – рекоа учениците – ,Ние веруваме во Аллах, а ти биди сведок дека ние сме муслимани!

Господару наш, ние веруваме во тоа што Ти го објави и Пратеникот го следиме, па забележи нè како сведоци на верата!'

И неверниците почнаа да смислуваат интриги, па и Аллах тоа им го направи! А Аллах најдобро го умее тоа!

И кога Аллах рече: ,О, Иса, Јас душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам од неверниците и ќе сторам тие што те следат да бидат над неверниците сè до Судниот ден! Потоа Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ви пресудам за тоа за што не се согласувавте!‘“

(Сура Али Имран, 81)

И ќе се спушти на Земјата пред Судниот ден. Возвишениот вели:

„Навистина тој (Иса) е предзнак за Крајот на светот, затоа никако не се сомневајте во него и следете го упатството Мое! Ова е Правиот пат.“

(Ез Зухруф, 61)

Возвишениот исто така вели:

„И нема ниту еден следбеник на Книгата кој нема да поверува во него како што треба, пред неговата (Исаовата) смрт, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи.“

(Сура Ен Ниса, 163)

Кога ќе слезе Иса, алејхи селам, ќе го убие лажниот Месија - Деџал, ќе владее според исламот, ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата, ќе ја укине џизјата и нема да ја прифаќа. Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:

„Се колнам во Оној во Чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не слегол меѓу вас како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја укине џизјата, а имотот ќе се зголеми до таа мера што никој нема да го прифаќа.“

Сахих Бухари (3), и Сахих Муслим (252).

المصدر

قسم الأديان والفرق

ملاحظات

--